Коен може да каже: Алелуја!

18 месеци затвор за жената на која можеме да ѝ заблагодариме за некои од најубавите песни на Леонард Коен.

Суд во Лос Ангелес ѝ репна 18 месечен затвор на поранешната менаџерка на Леонард Коен заради систематско малтретирање на уметникот. Кели Линч ќе мора и да оди на терапија за контролирање на гневот.

Коен и неговите адвокати ја тужеа заради бројните заканувачки писма кои таа му ги праќала откако доби отказ од него. Некои од писмата се долги и по 50-тина страници.

Нивната 17 годишна соработка која имала и свои романтични моменти заврши во 2004-та година откако Коен откри дека Линч во текот на годините му има стопено милиони од неговата заштеда. Беше тужена и ѝ беше наложено да му врати 9,5  милиони долари.

Откако дозна дека е шворц, Коен беше принуден да ја прекине својата пензија и да ѝ се врати на сцената. Во тој период направи некои од своите најубави песни како Hallelujah и Suzanne.

 

21 април 2012 - 23:19