Повеќе од половината Британци можат да забележат само 10 или помалку ѕвезди од соѕвездието Орион иако е утврдено дека од тоа место на Земјината топка би требало со голо око ноќе да бидат видливи барем 30 од нив (убедливо најдобра позиција за тоа е пустината Атакама во Јужна Америка).
Причината лежи во фактот што небото е контаминирано од непотребната светлина која доаѓа од градските улици и згради. Моменталната состојба не е подобрена од 2007-ма година иако од тогаш општинските власти пробуваат да го решат овој проблем намалувајќи ил гасејќи светла на улиците.
Светлинското загадување предизвикува и проблеми со спиењето и го пореметува природниот ритам на животните, првенствено на ноќните птици како љиљаците и бувовите кои можат да бидат дезориентирани од постојаната светлина.
"Светлината загадува катастрофално. Вел од човечка светлина го покрива целото небо. Растеме генерации деца кои никогаш не го виделе Млечниот пат и нема да уживат во блескавиот призор на илјадници ѕвезди над нивните глави", вели првиот човек на организацијата "Кампања за темно небо".