Русите немаат проблем со апокалиптичен астероид (како оној што ги истребил диносаурусите), бидејќи за тоа да се случи потребен е астероид со дијаметар од 1,5 километри, кој се појавува еднаш во десетици милиони години. Меѓутоа тие имаат проблем со астероиди кои можат да уништат еден град.
Само во 20-от век, Русија имаше два инцидента со астероиди. Во 1908-ма година над Сибир експлодираше метеор со силина на неколку нуклеарни бомби и се распарчи на илјадници делови пред да направи некоја поголема штета на земјата, а во 1947-ма сличен исход имаше и астероидот кој експлодираше над тајга на рускиот далечен исток.
Главниот проблем на Русија во справувањето со астероидите е што земјата не поседува телескопи со кои ќе може да ги следи астероидите во космосот и да ја предвиди нивната траекторија и евентуалниот судар со Земјата.
Причина за ова е што сите телескопи на Советскиот Сојуз беа лоцирани на планински региони во земји кои повеќе не се дел од Русија, заради што руските астрономи мораат да се потпрат на информации што ги довиваат од странство.
Во равенката исто така треба да се вклучи и фактот што изградбата на телескоп во Русија би чинел повеќе од целокупниот буџет на земјата за "одбрана на метеори," пишува руски Комерсант.