Со помош на современите техники со кои можат да се реконструираат податоци стари и до 150 милиони години, американски научници утврдиле дека сегашното ниво на првообвинетиот за топењето на мразот - јаглерод диоксидот - е исто како во периодот на плиоценот од пред три милиони години.
Плиоценот е последниот топол период на планетава пред да настапи Ледното доба. Во плиоценот и климата и количеството на CO2 биле идентични со дешените услови.
Ваквите податоци ги охрабрија круговите кои се сомневаа во целата Ал Гор паника дека човекот е единствениот виновник за глобалното затоплување.
Со помош на истиот истражувачко - математички модел, утврдено е дека во следниве 90 години треба да се очекува пораст на просечната температура на планетата за уште два степена.