Се работи за студијата на Џефри Мирон од Харвард според која легализацијата на марихуаната на САД би ѝ заштедиле над 13 милијарди долари годишно: 7,6 милијарди затоа што нема да се троши на спроведување на забраната (полиција, судство, обуки итн) и дополнителни 6 милијарди ако марихуаната се оданочи со акциза како алкохолот и цигарите.
Економските авторитети отворено не заговараат легализација но инсистираат администрацијата да прифати јавна и отворена дебата за сите аспекти на ова прашање.
Според други пресметки, ќарот би бил далеку поголем од оној кој го предвидува Мирон и би се движел меѓу 45 и 100 милијарди годишно.
Најблиску до легализација беше Калифорнија која во 2010-та со тесно мнозинство го одби ваквиот предлог.