Иако гледањето филмови и која било друга визуелна задача испраќа вишок крв кон делот на мозокот што ги обработува визуелните стимули, кога се во прашање еротските филмови целата работа е обратна.
Во овие случаи мозокот ја пренасочува крвта (а со тоа и енергијата), во делот задолжен за сексуална возбуденост. Главна причина за ова е што на мозокот не му требаат баш сите визуелни детали од еротската сцена.
"На пример, кога сте на компјутер и треба нешто да пишувате или што било, мора да внимавате што правите, бидејќи во спротивно ќе згрешите. Но во моментот кога гледате експлицитна секс сцена, тоа не е потребно бидејќи точно знаете што ќе се случи. Не ви е важно дали вратата е зелена или жолта," објаснува Герт Холстеџ, невролог од Медицинскиот центар на Универзитетот во Гронинген.
Холстеџ објаснува дека мозокот може да биде или возбуден или вознемирен (или ни едно од овие две). Но не може во исто време да биде и двете.
Во истражувањето тој заклучил дека во тек на оргазам активноста на деловите на мозокот поврзани со вознемиреност опаѓа. Оваа појава може да објасни зошто жени со ниско ниво на сексуална желба често имаат високо ниво на немир.