Во основа постојат два типа на родители, оние што не простуваат неуспех на училиште и оние што простуваат. Првородените го јадат стапот и од двата типа.
Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.
Ако видите дуќан со понуда од 70 или повеќе проценти попуст, баталете го тој дуќан, порачува експерт кој ја проучувал културата на ценкање и пoпусти во Америка.
Најчесто се девојки, најчесто имаат одличен глас и најчесто никој (надвор од екипата) нема поим кои се тие. Сега еден документарец ги седнува Џегер, Спрингстин и компанија, да зборуваат за луѓето што им чуваат грб.
Магазинот Вајард и ФудНетворк анализираа над 900.000 оценки на рецепти од сајтот на ТВ каналот за готвење. Нивната мисија е да откријат што мисли народот за сланината.
Иако Твитер е многу логично место за следење вести, сепак "обичниот" не-новинарски народ многу повеќе на не сакајќи ги начекува своите вести сервирани на Фејсбук.
На страна традиционалните светилишта на велосипедизмот, како Холандија и Данска, во речиси секоја членка на ЕУ веќе се продаваат повеќе нови велосипеди отколку автомобили.
Името го добива заради луѓето кои до сега живеле во неа, меѓу кои се Џон Рокфелер, градежникот Вилијам Зекендорф (сопственик на Астор хотелот и Крајслер зградата), Вера Ванг, и заради условите кои треба да се исполнат за таму да ти биде адресат.
Одлично упатство за читатели и нивното здравје. Дузина доктори, специјалисти од различни области и нивните одговори на исто прашање: "Ако треба да одберете само една работа која не би ја правеле, која би била таа?
По предлог кој што може да дојде само од луѓе што не се во брак, Нигеријците решија дека ќе го намалуваат бројот на бомбаши самоубијци со тоа што ќе прават повеќе свадби.
Не се работи за тазе фатени парови што се напалени ко печка на Железара, туку за луѓе кои имаат стаж еден со друг и се знаат подолго отколку една сезона на ТВ серија. Излезе дека овие вториве имаат две причини за секс.
Објаснувањето како ТВ сериите станаа толку богати и софистицирани, како дузина музичари можат да си дозволат спектакуларни концерти и продукција, како толку многу филмови добија толку многу скапи продолженија, се сведува на тоа дека на крај е многу поевтино да вложиш многу пари.
Здравјето, среќата и општата благогостојба на еден маж директно зависи од можноста да го прави она што најчесто се дефинира како "бев со другарите, се заебававме." Чисто научно, пропишаната доза е два пати неделно.
Надвор од вообичаените принципи за смислување режим на исхрана кој ќе ја намали тежината, човек од Минесота сосема елегантно си ја поправа линијата така што секој октомври е исклучиво на пиво и кобасици.
Една од безбројте апликации за наоѓање партнерка но со отворен сексистички пристап: за да излезе со вас, девојката можете да ја одоброволите со подарок.