Живот и забава

Mлади мајки веќе никогаш нема да треба да плаќаат данок во Унгарија

Секоја жителка на Унгарија што ќе роди дете пред 30-годишна возраст до крај на животот нема да треба да плаќа данок на приход, гласи една од мерките на унгарската влада за зголемување на наталитетот во земјата.

Плинските шпорети да ти биле штетни како пасивното пушење

Плинските шпорети ги преоѓаат границите на загаден воздух во домовите и го зголемуваат ризикот децата да развијат здравствени проблеми. Нова студија вели дека готвење на плин без вентилација доведува до нивоа на азот диоксид (NO2) повисоки од упатствата на СЗО и стандардите на ЕУ.

Нома, најдобриот ресторан во светот, затвора

Од Нома, ресторанот кој стана едно од обележјата на Копенхаген, проценуваат дека веќе нема пари за скапи ресторани, па решија дека најдобро ќе биде со време да ја затворат кафаната.

Гиле: Лакомоста потепа сè

Вистинскиот, бунтовнички рокенрол не подлегнува на цензура или самоцензура. Често власта се обидува да поткупи такви автори со различни бенефиции. И, за жал, во не мал број случаи успева во тоа. За среќа, секогаш има и такви кои не можат да се поткупат.

Парете се со ниски луѓе за да ја спасиме климата

Во својот внимателно модериран дел „мислења и коментари“, Њујорк тајмс најде за потребно да одвои место за теза според која партнерот со кој ќе решите да се размножите треба да е од пониските. Предностите да ти биле повеќекратни.

Најголемиот број луѓе се на антидепресиви што не им требаат

Пред 35 години американските здравствени власти го одобруваат првиот „блокбастер“ антидепресив, Прозак, апче кое во следните години е воспевано од пациентите и докторите како магичен лек. Денес, најмалку секој десетти жител на Западот користи антидепресиви.

„Жолтата куќа“ од Колорадо

Поранешна сопственичка на погребно претпријатие во Колорадо е осудена на 20 години затвор заради измама на семејства на покојници. Без нивно знаење, таа и мајка ѝ дисецирале 560 тела. Ги продавале органите за научно-истражувачки потреби.  

Загадувањето се враќа посилно од кога било

Во годините на пандемија, светот подзастана, а една од малкуте среќи во таа несреќа беа смалените нивоа на CO2 во атмосферата. Некои експерти се надеваа дека тоа ќе потрае, дека емисијата од 2019-та била врвот и дека нема да се повтори. Испадна дека биле грешка.

20 страшни албуми кои полнат 50

За враќаме точно половина век, во 1973-та година. Вилица да ви падне кога ќе видите кои сè албуми се извадени само во таа година. 50 години подоцна, не можеме да очекуваме ништо од Лу Рид, Боуви, Квин, Лед Цепелин, ЗЗ Топ.... Ама па, хеј, Карди Би е жива, а и Ластовица може да изненадат.

70% од Шангај е заразен со ковид?

Кинеските здравствени власти признаа дека бројот на новозаразени од ковид е „огромен“ а некои проценуваат дека дури 70 проценти од жителите на Шангај го имаат закачено вирусот. Се повторуваат сцени со преполни болници и крематориуми во градот кој има 25 милиони жители.

Вести од маргините на 2022

Во годината што помина луѓето главно се занимаваа со војната во Украина, коронавирусот, климатските промени и досетливите начини на кои ДУИ нè мочаат од ќерамиди. Сепак, во пукнатините на тие големи информативни блокови, се протнаа и многу други фрагменти не кои сега ќе им оддадеме почест.

Најдобро рангираните европски универзитети

Европа има 36 во глобалната листа од топ 100 врвни универзитети. Кина има седум. Оксфорд повторно е најдобар.  Рангирани биле речиси 1.800 универзитети ширум светот. Најзаслужено во свет, нас нè нема никаде.

Младите сè помалку сакаат „сè што младите сакаат“

Денешните млади сè помалку ги интересира секс, дроги и криминал. Веќе неколку децении наназад, младата популација сè поретко влегува во ризични активности. Но, ако не прават проблеми во опшптеството, не значи дека си немаат проблеми самите со себе.

Не издржа срце јужнокорејско

Јужна Кореја се обиде да си наметне сама на себе забрана за увоз на секс-кукли со реална големина. Се обиде.

Во Твитер сега сами си носат тоалетна на работа

Твитер до неодамна важеше за една од најгалантните компании во однос на вработените, со раскалашено трошење и никаква напнатост околу продуктивноста. Но, како и во секој комунизам, сметката сепак некој ќе треба да ја плати.

Картите за концерти и догодина ќе бидат изгор

Ако сакате да го гледате својот омилен светски артист, наредната година тоа може да ве чини неколку стотици па и илјадници долари. За големите тоа не е проблем. Тeјлор Свифт за само 24 часа продала 2 милини влезници, викаат било полесно да се набави пиштол отколку карта за нејзин концерт.

Сите треба да бидеме гневни што нè лажеа за вакцините

Kонзервативниот активист Бен Шапиро и сопругата која е доктор се вакцинирале не затоа што биле во ризична група туку зашто верувале во тврдењето дека така ќе заштитaт други. „Не биди престрог кон себе“, го теши изумителот на мРНК вакцините, „само си паднал на една внимателно дизајнирана пропагандна стратегија“.

Брус Ли умрел од многу вода?

Легендарниот глумец почина во 1972 година, на 32 годишна возраст, од церебрален едем. Во тоа време се заклучи дека причина за смртта се двe некомпатибилни лекарства против болки кои Ли ги земал пред смртта. Сега излегува нова теорија. 

Како Твитер не даде да се чуе сè за ковидот

Во новата транша скандалозни документи како функционирал Твитер (Маск рече: За жал, сите теории на заговор се покажаа како точни), се обелоденува како била оркестрирана дебатата за ковидот и пандемијата. Со дискредирање на сите кои отстапуваат од наративот. Притоа за сложени прашања како миокардитисот, решавале аутсорсинг подизведувачи од Филипини.

За еден ден Кина имала 37 милиони новозаразени од ковид

Во првите 20 дена од декември од ковид се заразиле 248 милиони Кинези или речиси 18% од населението на земјата, се тврди во белешките од состанокот на кинеската Комисија за национално здравје, од кои само во еден ден биле откриени 37 милиони нови случаи.

Од каде им онолкава куќа во „Сам дома“?

Бадијалџиски фанови на филмскиот божиќен класик „Сам дома“ долго време мозгааат како може едно скромно семејство како Мекалистер да си дозволи не само онолку голема куќа туку и патување за Париз за 8 члена. Одговорот цело време да ни бил пред нос.  

Корисните страни на депресијата

Депресивните етапи, иако со различен интензитет и во различен број репризи, се периоди од кои никој не е поштеден. 30 до 50% од нас барем еднаш ги исполниле дијагностичките критериуми за депресија. Ако веќе страдањето е непроменлив дел од равенката, паметно е да се откажеме од идејата дека ќе го нема. 

Тајната на среќниот брак е да не се живее заедно

Расте бројот на Американците кои живеат сами, но истовремено се во брачна врска со некого. Така решиле, така им одговара. Причините можат да бидат разни но главни иницијатори за живеење одвоено се жените, што мажите ги потсетува на стихот „правих се речи увек касно сетим.“  

Ќе издржи ли срце вакцинирано?

Во Хајделберг правеле аутопсија на луѓе кои ненадејно починале од срце. Заедничко за сите е што претходно немале срцеви проблеми, и тоа што кратко пред смртта примиле мРНК вакцина против ковид.