Живот и забава

Нездрава храна што и не е така лоша за вас

Дали некој храна е штетна за вас генерално зависи од тоа колку ја консумираш и со што ја појачуваш и дополнуваш. Добар дел од јадењата кои до сега се сметаа за најголеми душмани, во последните години добиваат помилување од науката.

Стари моми по генетска основа

Кинеските научници открија ген што ги намалува нивоата на серотонин, и со тоа прави луѓето да се чувствуваат помалку комфорно при блиски врски. Е за тоа си сам. Важи и за мажи и за жени.

Од "органско" си патиме

Анкета од септември годинава покажала дека речиси 70% од потрошувачите купуваат некаква органска храна. Од овие, само 20% знаеле да дефинираат што е тоа органско.

Како Пипл ги вади најсекси мажите

Прототипот е белец, некаде во средина на 30-ти години, згоден за жени, но сепак мажите да не го мразат, идеално одговара за на кафе кај баба ти, ама и за на Тамблр кај внука ти. Нема некои големи скандали, доволно славен за изминатата година да глумел во некој блокбастер или тв серија со висок рејтинг, ама сепак доволно очаен за да се подложи на топлес фотосесија и засрамувачко психо-сексуално интервју на страниците на Пипл магазинот.

God Save the Apps

Најбучниот фронтмен на панкот, анархијата и бунтовничкото непомирување со општествените норми се заиграл и спичкал 15.000 долари на апликации за Ајпад.

Зошто никој не пробал шведски да ја реши проституцијата?

Во рок од 5 години бројот на улични проститутки во Стокхолм е намален за две третини, а бројот на муштерии е паднат за 80%. Во исто време бројот на девојки кои годишно се шверцуваат во Шведска за да работат како проститутки или нешто слично се движи меѓу 200 и 400. Во Финска оваа бројка е меѓу 15 и 17 илјади. Сето ова со стратегија која се базира на здрав разум.

Болната тајна на хомосексуалците

Фактите го напукнуваат објаснувањето дека домашното насилство е исклучиво производ на сексизмот и застарените патријахални модели на мислење и однесување. Истражувања покажуваат дека меѓу истополовите двојки, насилството е дури поголемо отколку кај хетеро двојките.

Новата њујоршка шик пијачка: Кафе во бабура

Ако овој последен фенси трик дојде и кај нас (а која глупост не дошла?) ете можност со пиење кафе да се помогне македонско земјоделство. А и ќе ни биде голем ќеиф кога ќе ги гледаме домашните помодари како ги личи да шмркаат од тоа бабурата.

Шазам како музички сеизмограф

Народот и натаму ќе го користи Шазам за идентификување непознати (или: "не ми текнува а ја знам") песни но музичките бизнисмени во апликацијата видоа феноменална прилика да откријат хит пред тој да стане хит.

Како Дизни го цеди Снежното кралство

Од минатиот до овој ноември Дизни продаде 3 милиони фустани копии на оние што ги носеа двете принцези во Снежното кралство (Frozen), случајно, ова отприлика е еднакво на бројот на 4-годишни девојчиња во Северна Америка. Во јануари Дизни ќе пушти и венчаници на оваа тема (за многу постари девојчиња) кои ќе чинат околу 1.200 долари.

Холандското село каде сите имаат деменција

Интересен здравствено - социјален проект во Холандија: дом за стари лица во стилот на „Шоуто на Труман".

Не важно што работи жена, важно е што носи

После години и години добивање писма и коментари од гледачите, во кои генерално него го критикуваат (добро или лошо) за работата, а ко-водителката за изгледот и тоа што го носи, еден од најпопуларните австралиски водители реши цела година да прави експеримент пред цела публика. Експериментот заврши баш како што тој мислеше.

Од што умираме

Пред 100 години никој не ни помислувал дека некој може да умре само затоа што веќе не сакал да живее, денес самоубиството е меѓу ТОП 10 причини за смрт. Речиси сите останати основи по кои умираме денес се изменети во однос на 1900-та.

Идиоти, сме го изеле чоколадото!

Не постои лесен начин ова да се соопшти, но, ако не намалиме од вистинското темно чоколадо, бело ни се пишува.

Зошто Бијонсе има твитнато само 8 пати?

Затоа што девојката има нешто што се вика "дигитал менаџер" па така процениле дека треба.

Кристоф Волц во "Бонд 24"

Негативецот на Тарантино стана дел од екипата за следниот Бонд, во кој ќе има "значителна улога" ама "ама не е веднаш јасно дали ќе биде пријател, непријател, или малку од двете," изјавил човек запознат со сценариото.

Сите љубови на Хоки

Ден после прекрасниот Скопски фестивал на кој видовме и многу нови музички надежи но и искусни но проверени ведети на домашната забавна сцена кои изведоа прегрст преубави песни кои допрва ќе станат хитови да ги пее и старо и младо, ни се чини разбирливо што одбираме да проговориме за - Хашим Хучук Хоки. Тој имаше 4 љубови.

Како Вивијан Вествуд ја разбира сиромаштијата

На оние кои едвај наоѓаат начин некако да се прехранат, екстравагантната баба им порача да јадат помалку.

Спотифај проговори

Тејлор Свифт пред премиерата на својот албум објави дека го повлекува целиот свој каталог од Спотифај, што беше пропратено и со соодветно писмо во кое таа ги објаснува своите причини (пари) и дилеми (пари) зошто се решила на тоа (пари). Сега ЦЕО-то на Спотифај и пиша на Свифт.

Како Џон Оливер ги спаси Дејли Шоу и Колбер

Убавината во емисиите на Стујарт и Колбер не е само човечката политичка мудрост и логика што ја шират, туку и нивото на мајсторство кое го гледаш од минута во минута: од паметно пишување и глумење, до монтажа и графика. Со појавувањето на Џон Оливер, откриваш дека имало место за напредок.

Репатријација на Жолтите кучиња

Пред неколку години, двајца браќа од иранскиот рокенрол андерграунд го напуштаат родниот Техеран гледајќи во Бруклин место за исполнување на својата уметничка слобода. Пар години подоцна, вратени во Иран, во ковчези.

Ник Дрејк (1948–1974)

Ник Дрејк е дечко кого го нема веќе 40 години. Тие што најмногу го познавале признавале дека него никој не го познавал. Но, слушнете го, тоа е единствен начин можеби да ви стане многу близок.

Да ти се мочам во слободната воља

Слободната воља звучи како концепт кој задолжително нурнува во метафизички контемплации. Но, дали и колку е слободен во изборот човек со полна бешика?

СиЕнЕн заминува од Русија

До крајот на годинава СиЕнЕн ќе го прекине емитувањето на кабелска и сателитска телевизија низ цела Русија заради сите промени кои се воведуваат со новите закони за медиуми во земјата.