Репатријација на Жолтите кучиња

Пред неколку години, двајца браќа од иранскиот рокенрол андерграунд го напуштаат родниот Техеран гледајќи во Бруклин место за исполнување на својата уметничка слобода. Пар години подоцна, вратени во Иран, во ковчези.

Бендот се вика The Yellow Dogs, прилично интересна музика зад која стојат неколкумина Иранци дојдени во Америка кога ситуацијата во нивната земја станува неподнослива за каква било музичка среќа.

Пред неколку години, браќата Араш (гитара) и Соруш (тапани) стигнуваат со своите инструменти во новата земја, возбудени од иднината која таму ги чека.

На 11-ти ноември 2013-та година, нешто по полноќ., ги убива нивен човек, Рафи (Мoхамед Акбар Рафи), земјак, колега музичар и човек со историја на ментални пореметувања. Ги убива и двајцата, заедно со уште еден пријател на бендот по што се самоубива.

The Yellow Dogs звучеа вака:

Повеќе детали од оваа трагична приказна овде.

 

11 ноември 2014 - 14:57