Освен Турнер Броудкастинг, веста ја потврдуваат и кабелските оператори, ама првите не кажуваат, а вторите немаат претстава кои се конкретните точки од новиот закон што го натерало СиЕнЕн да си оди.
Ведомости ја анализира ситуацијата, и од разговори со експерти заклучува дека повлекувањето е по две основи - отежнување на процедурата за добивање лиценци и пад во парите од рекламирање.
Според весникот, Роскомнадзор (руската АЕК), почнал се повеќе да ги стега странските станици кои работат во Русија, а со последните измени од нив се барало да извадат локални дозволи за емитување во рок од 6 месеци.
Со новиот закон границата од 2010-та од 50% странски програми во пакетите на кабелските оператори, сега се намалува на 20%.
СиЕнЕн почна да емитува во Русија во периодот на Гласност на почетокот од 90-те преку Канал 24. Претходно, добар дел од странските канали, вклучувајќи ги Гласот на Америка, Радио Франција Интернационал, Рускиот сервис на БиБиСи и Дојче Веле, комплетното емитување го префрлија од телевизија на интернет.