Како Џон Оливер ги спаси Дејли Шоу и Колбер

Убавината во емисиите на Стујарт и Колбер не е само човечката политичка мудрост и логика што ја шират, туку и нивото на мајсторство кое го гледаш од минута во минута: од паметно пишување и глумење, до монтажа и графика. Со појавувањето на Џон Оливер, откриваш дека имало место за напредок.

Како што објаснува новинарот на Вулчур, напредокот не се однесува на некаков политички прогрес, кој тешко може да се очекува од меинстрим ТВ и покрај тоа што веќе со години Дејли Шоу и Колбер сериозно ја разнишуваат и критикуваат политиката на две партии во САД.

"Зборувам за комбинација на естетски и новинарски напредок. Минатата недела со Џон Оливер, го прави она што медиумските критичари (вклучувајќи ги и Пибоди наградите) постојано тврдат дека Дејли Шоу го прави - практикување вистинско новинарство во комична форма - ама го прави подобро, во поедноставен, а сепак поамбициозен, и на крај покорисен начин.

Ако шоуто на Џон Стујарт го прави она што може да се нарече репортажа, заменувајќи ги мислењата со факти, шоуто на Оливер прави нешто многу поблиско до чиста репортажа, или она што ерата на веб-новинарството го нарекува 'објаснувач,' најчесто без навлекување или само привид на навлекување," пишува Мет Зајц за Вулчур.

Оливер до сега, во првата сезона која заврши во неделата, успеа со својот вид на новинарство да ги сруши серверите на ФЦЦ по апелот сите негови гледачи на комисијата да и го напишат своето мислење за нет-нетуралноста. Уште поневеројатен успех од ова, е што тој го поништи долгогодишното тврдење дека луѓето нема да ти седат и да гледаат сегмент на вести подолг од една минута. Сегментите на Оливер се над 10 минути, без никаква пауза.

Авторот со најголемо почитување кон она што Стујарт и Колбер го направија и го прават, објаснува:

"Кога го гледаш шоуто на Оливер, тоа како да возиш точак на терен кој постојано се менува. Неговите предци од Комеди Централ се многу повеќе како фиксни велосипеди: има чувство на движење, некогаш хаотично движење, и можеби мерлива корист од ова, ама дали некаде стигаш? Секое Дејли Шоу, во оваа смисла, е истото шоу; скечовите се менуваат и понекогаш има вонредно смешни ситуации, ама не може да се избегне чувството на одлично подмачкана машина. На крајот имаш чувство дека одредени клучни верувања се повторуваат и затоа се засилени, и целата работа е околу тоа...

... Да не беше шоуто на Оливер, изгледаше сосема веројатно дека Дејли Шоу ќе станеше телевизиски мебел, уште една работа која мистериозно се уште е во програма, и која навикнатата публика продолжува да ја гледа без никогаш да не се чувствува незадоволна...

... Ја гледав секоја епизода од Минатата недела. Секој пат си заминував со чувство дека навистина сум научил нешто. Во се повеќе деградираниот новинарски пејзаж, ова е зачудувачко постигнување."

Малку Оливер:

Остатокот од Оливер кај нас, тука.

12 ноември 2014 - 11:42