Конкретно станува збор за генот 5-ХТА1, кој доаѓа во две верзии, Г и Ц. Тие што ја имаат Г верзијата е многу поверојатно да бидат сами отколку оние со Ц верзијата.
Тие заклучуваат дека луѓето со Г верзијата, создаваат помалку серотонин, хемикалијата поврзана со расположение и среќа. Претходно беше познато дека на луѓето со оваа верзија им е потешко да се зближат со други.
"Песимизмот и невротизмот се клучни за формирањето, квалитетот и стабилноста на врската. Оваа врска меѓу Г верзијата и психолошките пореметувања може да ги намали шансите за наоѓање партнер или водење романтична врска," објаснуваат авторите на студијата во журналот за Научни извештаи.
Според пресметките на научниците од Универзитетот на Пекинг, оние со Г верзијата имаат за 20% помали шанси некогаш да најдат партнер.