Живот и забава

Софтверот кој тепа игрици подобро од вас

Неколку редови компјутерски алгоритам можат да научат да играат 49 различни аркадни игри, вклучувајќи класици од 70-тите како Pong или Space Invaders. Во над половина од нив, компјутерот станува толку вешт што победува професионален човечки противник.

Адитиви со додадена штета

Додатоци што служат за продолжување на животниот век на храна како сладоледи, маргарин, пакуван леб, крем сосови и слична преработена храна се штетни по основа на тоа што можат да доведат до проблеми во утробата.

Истетовирана родителска љубов

На приказната случајно налетавме на ѕидот на Лешоски. Нашиов емотивец вика: Си најдов уште еден артикл за фолдерот „Работите за кои вредеше да се живее". И, така е.

Рекламата што беше забранета заради сексизам

Велика Британија забрани една реклама за телефон поради нејзината пренагласена сексуалност и објективизирање на жената. Ние ќе ја пуштиме дека сме далеку потолерантни во однос на слободата на визуелниот израз а во основа бевме и ние трогнати. Заради тоа што на девојката не ѝ е тешко да се фати за пегла.

Научно тролање со заговори

Во научни цели на интернет биле пуштени еден куп гласини подготвени според омилените формули за заверенички теории. Потоа се анализирало кој се фаќа на такви приказни и каде се информираат таквите луѓе.

Маката на Амстердам со велосипеди

Велосипедската мека и официјално има премногу велосипеди а (веќе) премалку слободен простор каде би можеле истите да се паркираат. Ова не значи дека ќе се откажат од велосипеди, туку дека ќе копаат паркинзи под вода.

И Саша Греј загина од идиоти

Поранешната американска порно ѕвезда Саша Греј ја напушти својата актерска кариера и им се придружи на про-руските бунтовници во источна Украина сè додека не беше брутално убиенa од украинските владини сили.

Пет кафиња на ден, од доктор

Американските власти објавуваат нови прехранбени препораки, меѓу нив надвор од сите очекувања, и препораката дека треба да пиете повеќе кафе, затоа што има минимални ризици, а и помага за срцеви заболувања и тип 2 дијабет.

Јавноста најмногу му верува на јавното

Во САД постои еден интересен медиумски модел на јавни радио станици и телевизии кои не живеат од реклами. Моделот не е доминантен но дава исклучителни резултати. Не, тоа не значи да крадеш од други медиуми и тоа да им го наплаќаш на читателите. 

Стипендии за напуштање на факултетите

За да покаже дека образованието е преценeто, американски милијардер им дава пари на студенти да го баталат факултетот и да почнат свој бизнис.

Шарли Ебдо се погрчи

На трафиките во Грција од оваа сабота може да се најде и интергрална грчка верзија на парискиот сатиричен неделник. За авторите е предизвик  да се биде присутен во земја во која владее малку поинаков верски фанатизам од исламистичкиот.

Торбата од 168 илјади долари за номинираните за Оскар

Ако по завршувањето на Оскарите со себе не понесеш златна статуетка, тогаш е голема веројатноста дека со себе ќе понесеш торба со подароци, со вкупна вредност од 167.586 долари.

И над Ватикан има Ватикан

Епархијата на Келн направи годишна пресметка во која им излезе дека вредат околу 3,35 милијарди евра. Во исто време богатството на Ватикан се проценува на 2,64 милијарди евра.

Зошто мажите мислат дека жените им се пуштаат?

Стрејт мажите е многу поверојатно од стрејт жените да се во заблуда дека некој/а им се пушта. А многу е лесно, ако ти се насмее не значи дека те сака или сака нешто од тебе, освен кога баш тоа значи, ама исклучокот не е толку чест, но сепак на тебе може често да ти се случува. Гледате, лесно.

Година на берба, и зошто не треба да ти е гајле за неа

Бројката што ја гледате на шише вино, ја означува годината кога е собрано грозјето од кое е направено виното, и нема никаква врска со тоа кога е флаширано виното и кога се појавува на пазар. И генерално, ова не е нешто многу важно.

Филип Морис го возвраќа димот

Водителот на Last Week Tonight посвети цели 20 минути од неделната епизода на тутунските компании, особено пржејќи го Филип Морис заради неговите судски спорови со држави кои се обидуваат да го заштитат нивното јавно здравје. Компанијата му возвраќа со неколку линкови.

Оскарите во сè останато

Вол Стрит Журнал прави поделба на Оскарите меѓу номинираните во категоријата за најдобар филм, во категории кои никаде никој не ги ни споменал.

Богатите спијат подобро

Класните разлики не запираат пред спалната соба а богатите луѓе не се погалени само од јавето туку и од сонот.

Пораснати во Њујорк без да го видат градот

Шест браќа и една сестра, сосема изолирани од градот во кој растеле. Ги одгледала мајка им во стан од кој клуч имал само татко им. Единствената врска со надворешниот свет им биле филмовите. Изгледале околу 5.000 филма а нивната приказна доби награда на фестивалот Санденс.

Долговечната баба која мрази зеленчук

Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.

Како изгледа модерна пропагандна машина

Петар Померантсев на 24 години се наоѓа на состанок во Москва со 20-те најголеми медиумски директори во Русија, каде дискутираат за планот за вести за следната недела. Померантсев искуството го пишува во книгата "Ништо не е вистина и се' е возможно," која "опишува свет во кој законите се менуваат во момент по желба на моќните и каде телевизијата дава сеприсутна, забавна и емотивно набиена дисторзија на реалноста."

А ова е твојот мозок на трачеви

Тоа што вие не сакате да си признете дека се палите и ве интересираат трачеви за славни, не значи дека науката не може да ве фати. И тоа наука по основа на скенирање на мозокот (без да има потреба да отвора Гугл Аналитикс од портали).

Ако не си богат до 45 години, никогаш нема да бидеш

Пророштвото е заклучокот од неодамнешна студија спроведена од истражувачите од американските Федерални резерви, кои доаѓаат до границата од 45 години по анализа на официјални податоци од бирото на социјално осигурување од 1978-ма до денес.

Помеѓу глутенот и плацебото

30 проценти од Американците се обидуваат да го намалат или елиминираат глутенот во својата исхрана. На ниво на цел САД само 1% од населението има проблеми со глутен, останатите 29% имаат проблеми со паѓање на реклами.