Младиот Пол Гу го напуштил престижниот универзитет Јејл пред 4 години, се префрлил во Калифорнија каде што се здружил со двајца менаџери од Гугл и отвориле фирма за онлајн поврзување на оние кои им требаат пари и оние кои имаат да позајмат. Тој е еден од многумината кои се надеваат на голем успех во силициумската долина, со тоа што надежта на Гу е поддржана со 100.000 долари од фондаcијата на милијардерот Питер Тиел.
По толку пари им дава човекот кој е соосновач на Пејпал и првиот надворешен инвеститор во Фејсбук, на млади и претприемчиви таленти за да го напуштат факултетот и веднаш да почнат да работат на своите старт-ап соништа.
За едни, ваквиот проект е опасна алтернатива бидејќи го поткопува образовниот систем кој е најсигурниот начин за искачување по социјалната вертикала за милиони Американци. За други, фондацијата на Тиел ја претставува иднината на образованието во која паметни умови се ослободуваат од конвенциите на класичното стекнување знаења и вештини.
Според стипендистите на Тиел, за нив највредно во оваа приказна не се парите туку мрежата, контактите и советите кои ги добиваат за реализирање на нивните идеи.
Меѓу другото, дечките работат на интересни трансформативни идеи, од создавање ефтини уреди на соларна енергија до редизајнирање на инвалидската количка но се поддржуваат и поконвенционални проекти од областа на е-трговијата, образовни игри и слично.