Научна студија публикувана во PLOS се фокусирала на теоретичарите на заговор и интернет круговите во кои тие се движат. Имале огромен примерок од 1,2 милиони луѓе и резултатите не се изненадувачки: оние што веруваат во теории на завери, веруваат на сличните на себе и се социјализираат меѓусебно.
Интересно е како бил изведен тестот: со тролање.
Пуштиле наоколу (на форуми, коментари) точно 4.709 гласини, празни муабети и непотврдени информации и потоа анализирале како и кој нив ги конзумира. Тролањата биле изведени како пародични и саркастини имитации на постоечки формули на заверенички теории.
Било утврдено дека околу 80 проценти од оние кои ги лајкнале или коментирале таквите гласини висат главно на сајтови кои се бават со завери од секакво вид: кемтреилс, геоцентризам, вонземјани, релациите меѓу вакцинацијата и хомосексуализмот.... и дека им е тоа речиси единствена интернет преокупација.
Неодамнешна политичка студија покажа дека 50 проценти од Американците веруваат во некоја од многуте популарни теории на заговор.