Медиумските регулатори во Велика Британија забранија телевизиска реклама на производителот на мобилни телефони Казам затоа што ја претставувала жената како објект.
Рекламниот спот изработен од Огилви и Матер го промовира "најтенкиот мобилен на светот", моделот Торнадo 348 а главно покажува, во црно-бело, една скудно облечена девојка како се мува по дома.
Спотот предизвикал 8 жалби од тамошни чувари на јавниот морал и слично, сите на тема сексизам, претставување на жената како објект и недоволна врска со рекламираниот производ. Регулаторот се согласил дека тоа може да биде навредливо за некои гледачи.
Нам ни е сето тоа прилично банално. Но, видете си сами.