
Весникот чија редакција беше масакрирана во нападот на двајца француски исламисти на 7-ми јануари оваа година, комплетно преведен на грчки веќе го има на продажните места кај нашиот јужен сосед. Ќе биде бесплатен додаток на левичарскиот весник Ефсин.
Главниот и одговорен уредник Жерар Биар изјави дека сакал грчка верзија на магазинот бидејќи во претежно православната земја од ЕУ сè уште е на сила закон против богохулење.
Инаку, Ефсин е лист кој настана во време на грчката криза и се издржува по принцип сите новинари да добиваат иста плата.
Бројот на Шарли Ебдо со спорната карикатура на Мухамед на насловната страница се продаде во осум милиони примероци и веќе е преведен на англиски и италијански, а делумно и на турски јазик. Во следниот број на француското издание се најавува интервју со новиот грчки министер за финансии Варуфакис.