- Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД со прецизни проектили ги уништиле сите воени цели на иранскиот остров Харг – главниот терминал во кој се концентрирани 90% од иранската нафта за извоз. Ако продолжи иранската блокада на Ормускиот Проток, Трамп се закани со напади и врз нафтената инфраструктура на островот.
- Харг е оддалечен 26 км од брегот на Иран, околу 500 км северозападно од Ормускиот Проток. Додека Револуционерната гарда пука кон танкерите и товарните бродови што се обидуваат да поминат низ протокот, Иран преку Харг продолжи да извезува сурова нафта. Откако почна војната пред две недели, ирански танкери пренесувале помеѓу 1,1 милион и 1,5 милиони барели нафта на ден.
- Трамп вчера најави дека американската морнарица „наскоро“ ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормускиот Проток.
- Извори во Вашингтон не исклучуваат ни ограничена копнена операција. Од Пацификот кон Блискиот Исток веќе тргнала борбената група на амфибискиот десантен брод „Триполи“ со 5.000 маринци и морнари.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.