Живот и забава

Сив лосос со боја на лосос

Бојата на лососот се опишува како „портокалесто-розова" и е толку специфична што постоjaт и кармини со „лосос боја". Иако тоа навистина е бојата на месото од див лосос, онаа на лососот растен во мрестилиште е - сива. Или барем би требало да биде таква, доколку одгледувачите на лосос не замешуваат пелети кои „орозевуваат" во вештачката храна на сиротата риба.

Египет и новиот град од 45 милијарди долари

На саемот во Шарм ел-Шеик египетскиот министер за домување ги објави плановите за изградба на новиот главен град на Египет, кој ќе биде сместен меѓу Каиро и Суецкиот канал, ќе чини 45 милијарди долари а со проектот ќе раководи првиот човек зад изградбата на Бурџ Калифа.

Потекло на дебелото

Моментално САД трошат 190 милијарди долари годишно за терапии и лечење на болести поврзани со дебелината, а стапката на дебелина во земјата во последните 3 децении се зголеми за 3 пати.

Како интернетот создаде готварско едноумие

Масовно благословуваната демократизацијата на информацијата (преку интернетот) имаше погубно влијание на разноликоста на храната, барем според еден слебрити готвач и сопственик на ланец ресторани.

Инает од 100.000 евра

Поборник против вакцини уверен во своите ставови, како што они знаат да бидат уверени, нуди 100.000 евра на тој што ќе успее да докаже дека навистина постои вирусот на сипаници. Заради се што некогаш сте прочитале, научиле и доживеале, знаете како завршила кладбата.

"Бомби" во науката

Еден наш читател од Бостон ни ја проследи приказнава со асоцијација: двајца големи играчи се тркаат за исто, наградата е голема и политичка, едниот губи, другиот не го признава гласањето, излегуваат бомби (exposed internal documents). А оно - наука.

Ако ви пречи мљацкање

Следниот пат кога ќе ви дојде да го задавите колегата зашто со мљацкање го јаде својот сендвич, едноставно опуштете се за момент и дозволете да ве облее мислата дека сте генијалец. 

Хомеопатија, ќе беше глупо да не беше опасно

Не само што не е ефективна во третирање на која било болест, туку луѓето што избираат хомеопатија го ризикуваат своето здравје затоа што одбиваат или ги одложуваат потребните терапии.

Што е со моронот пред тебе?

Подобро и не можеше да биде склопено "перфектна комбинација на страв и претерана самоувереност предизвикува опасна ескалација од мали инциденти." Темата е возење и гнев зад волан.

Наш лопов на денот

Засега непознат провалник влегол во позната пекара во Сан Франциско. Внатре имало кеш, ајпади, компјутери. Тој ги украл - рецептите.

Престанете да појадувате, ручате и вечерате

Трите дневни оброци беа фиксови во сите досегашни режими на исхрана кои требаше да помaгаат да се намали тежината. Сега е време сето тоа да го заборавите. 

Зошто докторите почнаа да се откажуваат околу вакцините

Во целата дебата за и против вакцини, на крај попуштија докторите кои сега само гледаат да изберат што е помалку штетно: да го одложат распоредот за ставање вакцини и со тоа да ја намалат нивната ефикасност, или да го одбиеш одложувањето и да ризикуваш родителите да не ги носат децата на вакцинирање.

Што да прави човек на кој му е фрлена бомба?

Ако не се умислил дека станал Капетан Америка, тогаш најдобар совет во случај на фрлена бомба е да не ни помислува да му ја врати бомбата на оној кој му ја фрлил.

Како го местиш сопственото дете да биде материјалист

Не дека малите ќе имаат разбирање ако им ја покажеш статијава наместо да им купиш таблет за роденден, ама студија на Универзитетот на Мисури препорачува да се смирите малку со подароците.

Толку полошо по фактите

Разумно е човек да полага надеж во фактите. Да верува дека нивната сила е доволна да се постигне согласност околу нешто. Па сепак, гледате наоколу што се случува, очи ќе си извадиме. Дали е можно ваквата поларизација да е резултат на тоа што луѓето во некои критички мигови знаат да се чувствуваат ослободени од фактите?

Мажи, стигнаа нови мерки

Иако човештвото никогаш нема да престане да ја премерува големината на машкиот полов орган, олеснителна околност е што во последната масовна студија на 15.000 мажи, изваден е понизок просек од очекуваното - 13,12 сантиметри во ерекција.

Ветувања

Професор по невропсихофармaкологија од Империјалниот колеџ во Лондон и поранешен владин советник за наркотици, Давид Нут, со целиот свој кредибилитет тврди дека го има откриено невозможното - пиење без мамурлак.

Јадењизам и ренесанса

Иако на Запад сè погласни стануваат движењата за толерантност кон нечија тежина, стравот и натаму е доминантна емоција во врска со вишокот килограми. Не и за една шарена заедница луѓе чиј фетиш е да јадат и да се дебелеат.

Последното интервју на Борис Немцов

Простото извлекување паралели е една мрзлива дисциплина која може да доведе до велелепно глупави заклучоци. Па сепак, морничав е впечатокот во какви слични наративи е заплеткан овој наш дел на светот. Последното интервју на Борис Немцов за полското издание на Њузвик, пред оние четири кукавички куршуми да го спречат да види дали неговите идеи за Русија ќе се остварат или ќе пропаднат.

Зошто не зборуваме со устата, туку со ушите?

Никогаш досега не сме забележале ништо чудно при говорењето на поранешниот американски претстедател Бил Клинтон. И после статијава веројатно нема да забележувате, ама барем ќе знаете што му е.

Приказната зад Pimp My Ride

Идејата на шоуто е едноставна и крајно благородна - го земаш уништениот автомобил на некој клинец и му го претвораш во автомобил од соништата и завист на секој негов врсник и другар. Спроведувањето на идејата е многу поразлично отколку што таа звучи.

Како Стивен Хокинг уште е жив

Хокинг од 21 година е дијагностициран со Лу Гериг болеста (заради која лани се истуравте со вода со мраз). На 20-ти април 2009-та докторите и колегите на Хокинг од Кембриџ, беа речиси сигурни дека ова е крајот на еден од најголемите научници на денешницата. Како по обичај, Хокинг преживеа.

Бирај долг живот или пензија, двете не може

Без разлика колку ни се допаѓа продолжениот животен век на луѓето, тоа никако не оди во корист на пензиските системи, кои многу повеќе преферираат што е можно пократок животен век.