Како го местиш сопственото дете да биде материјалист

Не дека малите ќе имаат разбирање ако им ја покажеш статијава наместо да им купиш таблет за роденден, ама студија на Универзитетот на Мисури препорачува да се смирите малку со подароците.

Мајките и татковците со "родителска топлина" ги учат своите деца на одговорност со тоа што од нив бараат да ги заработат работите што ги сакаат преку добро однесување.

"Тие некогаш сакаат да им ја покажат својата љубов со подарок. Истражувачите откриваат дека децата кои искусуваат ваков тип на родителство е поверојатно да израснат во материјалисти, кои веруваат дека сопственоста е знак на успех.

Меѓутоа подароците не ја зголемиле веројатноста кај овие деца да сметаат дека материјалните работи ќе ги направат посреќни. Тие само научиле да се судат себе си и другите врз основа на сопственоста," се објаснува во студијата која ќе биде објавена во Журналот за потрошувачки истражувања.

Материјалната приврзаност важела и за казните, бидејќи одземањето на работи од децата кога ќе направат нешто лошо "може да ги доведе да се чувствуваат понесигурни како возрасни, и оваа несигурност ги тера да ги поврзуваат материјалните добра со успехот."

Во анализата на студијата, Сонали Коли за Кварц објаснува дека до одредена граница материјализмот не е страшен, "на луѓето им требаат пари за да живеат, и имањето пари не е штетно ако можеш да ја одделиш потрагата по пари од потрагата по искуства и врски кои те исполнуваат."

"Меѓутоа студиите покажуваат дека луѓето кои ги поврзуваат материјалните работи со успех и статус е поверојатно трауматските настани да ги претстават неспоредливо ужасни, и да доживеат депресија, самотија и проблеми во врските.

Според ко-авторката на студијата, Марша Ричинс, има неколку начини да се минимизира ефектот на овие подароци врз иднината на вашето дете. Минете време со вашите деца, и научете ги да бидат благодарни за сите работи што ги добиваат," пишува Коли.

 

7 март 2015 - 15:27