Во анкета на оваа тема, докторите го избрале првото решение, "што е ужасен избор, речиси комплетно присилен од идејата (која е очигледно невистинита) дека ако дете премногу брзо прими вакцини, тоа ќе го преоптовари неговиот имунитетен систем."
Овој став својата логика ја влече од денешниот број на задолжителни вакцини. (За САД) Ако пред 100 години децата примале само вакцина против сипаници, до 1962-ра нивната бројка пораснала на 5 - дифтерија, голема кашлица, тетанус, детска парализа и рубеола. Денес американскиот Центар за контрола на болести, препорачува 14 вакцини пред детето да наполни 6 години.
"Неоснованата грижа, проповедана од активисти како Џени МекКартни, се претвори во движење за пролонгирање на периодот во кој се ставаат вакцините со цел децата да се заштитат од можниот напад на имунитетниот систем. Ама едноставно нема таква закана. Затоа што напредокот во молекуларна биологија дозволи да се создаваат вакцини со многу помалку антигени, имунитетниот систем на децата сега е изложен на многу помалку товар отколку во минатото. Вакцината за сипаници, на пример, содржеше 200 протеини - секој од нив како посебна молекула. Сите заедно, вакцините кои децата треба рутински да ги примат во денешно време содржат помалку од 150," пишува Мајкл Спектер во магазинот Њујоркер.
По медицински статистики на носот на новородено дете или на површината на неговото грло, има илјадници милијарди бактерии. Бактерии имаат меѓу 2.000 и 6.000 имунолошки компоненти и последователно нашиот организам создава антитела за борба со овие бактериите.
"Бројот на имунолошки предизвици содржани во вакцините не фигуративно, туку буквално, претставува капка во океанот од она со што се среќаваш секој ден," објаснува шефот на одделот за инфективни болести на Детската болница во Филаделфија, Пол Офит. (Човекот е еден од најголемите поборници за вакцини и често е критикуван за неговиот став.)
Освен бројот на вакцините, она што е сменето во однос на некогаш е што сега пациентите се почесто креваат глас и се далеку понепослушни. Плус сега пациентите се поспособни во собирање на информации и одлучување што е најдобро за нив а.к.а. имаат интернет.
"Меѓутоа сеприсутното предавање на медицинската професија во борбата за вакцините е сериозно проблематично. Ова единствено гарантира дека болест која може да се спречи ќе продолжи да им штети на луѓето и да ги става детските животи во опасност. Интернет конекцијата не те прави експерт, и не ти олеснува во разликувањето меѓу корисни податоци и лаги. Затоа, учените доктори и сестри денес се поважни од кога и да е. За жал, ова не е вистина која е универзално признаена - дури и од доктори," објаснува Спектер.