Минатата недела беше објавено дека докторите во Јужна Африка ја направиле првата успешна трансплантација на машки полов орган во историјата на медицината. Во 2006-та имаше еден Кинез кој се надеваше дека неговата трансплантација ќе биде успешна, ама после некое време се пишмани, па мораа да му ја отстрануваат надградбата.
Пациентот во Јужна Африка е младо момче чиј полов орган настрадал за време на обрежување. Во најголем дел во рурална Јужна Африка, годишно околу 250 мажи настрадуваат при слични ритуали, во кои момчињата мора да минат обрежување од страна на селскиот старешина пред да станат мажи. (И покрај инсистирањето на владата во ритуалите да се користат скалпели, најчесто тие се извршуваат со валкани ножеви за ритуали.)
Во случај да си/ти го отсечат пенисот, добрата вест е што тој може на ладно да "преживее" 18 часови. Според докторите самиот процес на повторно закачување на отсечениот дел, е два пати помалку комплицирано од трансплантацијата.
Во случај да треба да ти пресадуваат пенис, тогаш ќе треба да чекаш орган од донатор. Кај донаторот (мртовец) можеш да бираш само боја на кожа, големини нема.
Откако ќе најдеш соодветен примерок, операцијата за пресадување е прилично рутинска, "вистинскиот проблем почнува потоа, кога треба за земаш околу 37 различни лекови, кои имаат луди нус-појави." Причина за ова е бунтот на твојот организам кој сфаќа дека нешто не е како што треба и дека му е додадено "страно тело," кое тој ќе се обидува да го уништи
Згора на сите лекови, ти треба и малку среќа.
"Крвните садови во пенисот никогаш не се многу добри. Ако имаш некакво воспаление или стеснување, може да му се случи згрутчување и да умре," објаснува Ричард Сантучи, реконструктивен урлог од Јужна Африка.