До сега на списокот ризици од користење антибактериски сапун се: зголемена можност од инфекција, промена во микробиомот и отпорност на лекови. Ако ова не ви пречи, добрата вест е што тој и понатаму е ефикасен во убивање бактерии.
Ако сè уште ве држи музичката љубопитност ама понекогаш не знаете што да барате и од кај да почнете (Јутјуб е ужасен за тоа во последно време), еве еден добар предлог: по држави и по децении.
Секоја чест за мовембар ама јајца требаат и во остатокот од годината, да речеме во април кој е всушност светски месец на подигнување на свесноста за опасностите од ракот на тестиси.
Не малку туку бааги подолго. Поточно да додадете околу 15 екстра години на својата животна сметка. Тајната не е поврзана ни со гените, ни со исхраната ни со вежбањето а е нешто кое нема да го најдете онлајн.
Многу луѓе се убедија дека ако не пијат полномасно млеко туку некое од оние со помала масленост, со тоа си прават добрина за своето здравје, килажа или ризик од дијабетес. Е па, кажете драгичка.
Во случајот со вакцините и аутизмот, илјади пати повторена вистина никако да стане вистина. На ова повторена, додадете анализирана, студирана, мета-студирана, и пак една мала група противници на вакцини ќе остане неразубедена.
Мексико сити како една од светските престолнини на загадувањето одлучи да направи нешто за белите дробови на своите над 20 милиони жители, и да го забрани возењето автомобили низ градот. Барем привремено, додека не најдат подобро решение.
Преку 1.000 симпатизери на Берни Сандерс се собраа пред канцелариите на CNN во Лос Ангелес за да го изразат својот револт против маргинализирањето на нивниот кандидат во програмата на телевизиската мрежа која ја нарекуваат Clinton News Netvwork.
Во време кога градот им се распаѓа, улиците се полни со ѓубре и криминал а на младите им се нуди радосна забава и безгрижност, четворица маалски ајвани на кратко излегуваат од задимениот CBGB и влегуваат во студио. Таму нема да се задржат долго ама ќе траат до денес, иако сите од нив веќе се одјавија.
Ако одиме по линија на разочарувања најважен лик (за тие што не ги читале книгите) е тој што прв го убија, ако одиме по линија на математичари спремни целото свое знаење и искуство да го впрегнат за да ги решат непродуктивните дебати на темава, одговорот е сосема друг.
Дека шверцерите на дрога знаат да ги користат сите можни телесни шуплини за криење на наркотици е јасно. Дека меѓу тие интимни простори често е и аналниот отвор, и тоа се знае одамна. Ама кога во еден таков (единечен) отвор ќе се најдат преку 1.400 дози хероин, тогаш тоа може да се вика упад во магацински простор.
Споредбата на популарноста на музиката некогаш и музиката денес се чини невозможна затоа што порано таа се продаваше во физички облик (плочи, касети, цд-а) а денеска таа се стримува. Но, можеби може нешто да се добие со споредба на двата параметри.
Асошиетед Прес е моќна и угледна новинска агенција со безброј блескави моменти во својата 170 годишна историја. Но, имаат тие и и свои потемни периоди од постоењето кога стандардите потклекнале под примамливоста на "ексклузивноста".
Лудилото по музичките ѕвезди на тинејџерите достигна нови нивоа. Фанови на Џастин Бибер решиле дека вреди да се плати 2.000 долари за можност да се сликаат со - картонска верзија на својот идол.
Кај нас ќе се искршиш да најдеш сервис за банални потреби (на пример, да не се потопиш кога ќе ти пукне водоводна цевка). Во Стокхолм љубовта знае да биде толку шарена и развиена што подразбира дека има некој да ти ја чува мајата за месени специјалитети додека си на одмор.
Поротата во Флорида одлучи дека Гавкер треба да му исплати 140 милиони долари на Хулк Хоган за прекршување на приватноста, заради објавување на приватно секс видео на поранешниот кечер. Отштетата е 40 милиони долари поголема отколку што Хоган побара.
Верувале или не, Мик Џегер меѓу другото е и модна икона и тоа му го признаават големи дизајнерски куќи како Ив Сен Лоран на кои пејачот на Стоунси им бил инспирација за нови дизајни. Оттука, кога Џегер ќе бекне нешто за модата, мажите треба да фаќаат забелешки.
Во пристојните земји минато се омаловажувања и дискриминација на геј мажите заради нивните сексуални преференци.Токму во такви земји сега во ЛГБТ заедницата се шири мизогинија, расизам и трансфобија.
Според една нова студија на ова тема, испаѓа дека моќта ни е секси не за да ја практицираме врз други луѓе туку за да имаме слобода за себе. Научно би рекле: Дај боже да е така.
Секојдневно успеваме да обавим многу операции исклучиво потпирајќи се на несвесниот дел од мозокот. Во многу случаи, колку повеќе го користиме свесниот дел, толку мзокот станува понеефикасен.
Уредничкиот борд на Вашингтон Пост го покани Трамп на разговор кај нив во редакција. Трамп, наспроти целиот муабет што го врти околу Пост (го напаѓале, биле нефер кон него), ја прифаќа поканата.
Што ако се е голема лага и физичката активност не помага во слабеење? Може да е и полошо, нови студии покажуваат дека вежбањето може и да го забави метаболизмот.
Добра приказна е ова. Освен гитарата, јетрата и здравјето, Ричардс отсекогаш одлично го служела и интуицијата. Во оваа приказна тој и Трамп не се среќаваат, ама, за да остане така, гитаристот на Стоунси морал да потегнува нож.