Бројот на мобилниот сè почесто како клучен линк до сите приватните информации на граѓаните оставени на чување на разни компании, онлајн сервиси, банки и социјални мрежи. Со негова помош може да се мониторира и предвиди што следно ќе купите, посетите на интернет или гледате на телевизија.
"Мoбилниот е своевиден клуч кон приватните соби на вашиот живот", вели поранешен агент на ФБИ за софистициран криминал.
А регулативата вообичаено каска зад се подинамичната реалност па бројот на мобилниот телефон не е регулиран како останатите идентификациски податоци, кај нас ЕМБР или social security бројот во САД.
Вториов е создаден во 1936 година и воопшто не бил ни смислен да има толкаво значење и радиус на користење. Бил воведен заради евиденција на тогаш нова програма за работничко осигурување но набрзо се увидела користа од нумеричко идентификување па неговата употреба се проширила и на сите други сфери.
Инаку, со кражба на идентитети лани во САД се направени штети од 15 милијарди долари а 11% од Американците биле финансиски измамени со некоја телефонска дубара.