
Фановите на препознатливото чоколадо се ужаснати од одлуката на фабриката да ги проретчи триаголничињата. Се работи за два модела на тоблеронето во Велика Британија, од 400 и од 170 грама, кои сега изгледаат велелепно штрбаво.
Компанијата вели дека морала да бира меѓу зголемување на цената или намалување на грамажата па се решила за второто. 400 е намалена на 360 а 170-ката е полесна за 20 грама.
Не е јасно како е можно да не им текнало (кога веќе мораат да кратат) да ја скратат должината на чоколадото а проредот да остане ист.
Не знаеме и дали на новото чоколадо на кое се останати само терци, може да се свири.