65 годишен Украинец со години ги барокизира ходниците и другите заеднички простори на својата стамбена зграда. Живее во еден од најнепривлечните делови на Киев и зградата (засега!) однадвор личи на сосема вообичаена социјалистичка градба.
Стигнат е до третиот спрат на зградата но планира само да ги заврши започнатите делови, бидејќи за остатокот од зградата пензијата не му е доволна.
Има нешто во тој киевски кварт бидејќи пред три години во една друга зграда, станар реши својот 13-ти кат да го претвори во психоделична пештера, со кукли, животни и икони вметнати во ѕидовите (види овде).
Инаку, барокниот пензионер вели дека инспирација за ова што го работи била блиската средба со смртта:
"Бев во клиничка смрт и оттогаш посакав да правам нешто убаво и необично и за мене и за другите," објаснува Володимир Чајка.
И додава нешто кое ние овде добро го разбираме:
"Кога го правам тоа (барокот - н.з.), заборавам на сите други проблеми"