Со купување на продукцијата, Џианлин ги доби правата на организирање / доделување на Златен глобус, Билборд музичките награди, Американските музички награди, и новогодишното одбројување на Тајмс сквер.
Пред да ја купи Дик Кларк, тој во 2012-та го купува американскиот ланец на киносали, АМЦ, за 2,6 милијарди долари, кој има 300 киносали низ САД и над 200 во Кина. Наскоро сака преку АМЦ да го купи и најголемиот европски ланец на киносали, Одеон и УЦИ, за над 1 милијарда долари.
Во јануари годинава тој го купува филмското студио Леџенадри ентертејмент за 3,5 милијарди долари. Ова е студиото зад трилогијата Мрачниот витез, Светот јура и Годзила. Дел од неговите амбиции е и да купи едно од 6-те големи студија на Холивуд - Сони, Фокс, Универзал, Парамаунт, Дизни или Ворнер.
Освен филм го интересира и фудбал, па во 2015 купува 20% од Атлетико Мадрид.
Ваквото расположение на Џианлин вонредно ги паничи Американците кои се плашат дека кинематографија сега ќе им биде под влијание на кинескиот вкус и нивните склоности, што според критичарите е нормална последица кога сакаш да заработуваш од кинескиот пазар, како што тоа Холивуд го прави последните децении, трудејќи се на секој начин да им угоди на тамошните гледачи.
Минатиот декември, ЦЕО-то на Имакс, предвиде дека кинескиот бокс-офис во 2017 ќе го надмине американскиот како главен пазар за филмовите.