Опа, почна авто-цензурата?

Се разбира дека не, не е тоа туку така. Само што, Хафингтон пост реши дека веќе нема потреба да ги потсетува своите читатели дека Доналд Трамп е расист и ксенофоб. Сега кога е претседател, сакале со него да почнат од чисто.

Неколку месеци наназад, секоја статија поврзана со Доналд Трамп во Хафингтон завршуваше со следнава порака:

"Editor’s note: Donald Trump regularly incites political violence and is a serial liar, rampant xenophobe, racist, misogynist and birther who has repeatedly pledged to ban all Muslims — 1.6 billion members of an entire religion — from entering the U.S."

Тоа веќе го нема. Шефот на вашингтонското биро на медиумот пишал допис до колегите дека забелешката се вади за да се почне "со чиста табла".

"Сега кога е претседател, сакаме да почнеме од чисто. Ако владее на расистички и мизогиничен начин, го задржуваме правото да ја вратиме забелешката. Овој потег ќе ѝ даде почит на претседателската функција, нешто што ни Трамп ни неговите фанови никогаш не го покажаа," пишува во циркуларот кој го објави Политико.

По други извори во медиумот, тоа цело време била намера, Трамп да се напаѓа само во текот на кампањата.

"Сега кога не е кандидат за претседател, нема потреба од забелешката," невешто срочи нивната портпаролка.

 

9 ноември 2016 - 18:46