Живот и забава

Трчањето е најлошиот можен начин да (о)станете фит

И покрај тоа што трчањето е лош начин за слабеење и инфериорен начин за подобрување на кардиоваскуларното здравје тоа некако стана најпопуларната вежба на светот, по пешачењето. Ако сакаш да се вратиш во форма батали трчањето 10 км и со спринт фати накај најблиската теретана.

Шведска отвори хотлајн кој не се објаснува лесно

Имате маж и имате објаснување. Тие два термина заедно се тема на новиот хотлајн отворен во Шведкска на кои жени можат да се пожалат на дрвачи.

Околу лажните Фејсбук вести што ги свртеа изборите

Кога ќе те погоди неочекуван неуспех, најлесниот начин да се справиш со тоа е да обвиниш некој друг, пишува Паскал Емануел-Гобри во текстот за Вик.

Сандерс би можел да го замени Трамп поради дупка во законот

„Еве што точно треба да направиме за да го спасиме нашето прекрасно општество. Информацијата што ви ја нудиме е онаа на којашто сите чекавме. Правејќи вака можеме на денот на инаугурацијата да го прогласиме Берни за претседател, наместо Трамп. Прочитајте го текстот и споделете со пријатели.“.

Не давајте го лесно бројот од мобилниот

Мобилниот сè почесто се бара во формулари и онлајн регистрации. И ќе го дадете не мислејќи дека тој може да послужи како линк до сите ваши други приватни информации и да заврши на места за кои не сте сонувале дека ќе заврши.

Почесен граѓанин на Скопје

Та не е саде словенската писменост која во Европа почнала да се шири од овие простори. Ете го и барокот (новиот, пластифицираниот), стигнат е до Украина. Во овој случај, за да ти дојде таква идеја на памет, било потребно да се соочиш со својата смртност. 

Поранешен уредник во Њујорк тајмс: Како згрешивте околу Трамп

Мајкл Сипли 12 години, од 2004 до јуни 2016, работи како уредник и новинар на Њујорк тајмс, по сето она што се случи со предвидувањата околу изборите, и неколку себе-осврти на уредниците на весникот неговиот став е дека грешката на Њујорк тајмс е што се однесува како светот да постои за Њујорк тајмс, а не обратно.

Њујорк тајмс: Како згрешивме околу Трамп?

Постои гнев на обичниот народ кон статус-кво во политиката кој меинстрим политичките новинари едноставно не го разбираат, и за да биде болката поголема Трамп им се случува на медиумите само неколку месеци откако истите овие медиуми ја направија истата оваа грешка околу брегзит.

Били Питон, Словачка

Јес да местото Закопане (за малку!) е во Полска, ама би било фино да е во Словачка и во него да живеат браќата Ладислав и Чаба Складан, кои на меѓународен натпревар (еј, кај отиде Европа!) се прогласени за најбрзи копачи на гробови. "Кога е убаво времето, ова е работа од соништата," порача еден од шампионите.  

Лос Ангелес забрани спиење во кола

Со најновата одлука градот практично им порача на бездомниците да си најдат некој друг град кајшто ќе бидат бездомни.

Опа, почна авто-цензурата?

Се разбира дека не, не е тоа туку така. Само што, Хафингтон пост реши дека веќе нема потреба да ги потсетува своите читатели дека Доналд Трамп е расист и ксенофоб. Сега кога е претседател, сакале со него да почнат од чисто.

Го проретчија тоблеронето!

Во свет во кој Кардашиани се ѕвезди, Јелена Карлеуша оценува гласови а Америка бира меѓу Хилари и Трамп, само уште ова ни фалеше.

Кинез го купи Златен глобус за милијарда долари

Бизнисменот Ванг Џианлин со 33 милијарди долари се смета за најбогатиот човек во Кина, а од пред некој ден е и еден од најмоќните луѓе во шоу-бизнисот во САД откако за милијарда долари ја купи Дик Кларк продукцијата, компанијата која е замешана во речиси секоја ентертејмент област.

Зошто Слејт нема да го почитува молкот на денот на гласањето?

Спорот на главната уредничка на Слејт е што медиумите околу денот на изборите имаат прифатено таков однос што ги става новинарите во неприродна ситуација: информациите што ги имаат, да ги кријат од својата публика.

Кога ќе му се напеналиш на Бибиси

Британски про-брегзит парламентарец побара од Бибиси да ја врати традицијата на свирење на британската химна, God Save the Queen, по завршување на дневната програма.

Општествено корисни алапачи

Жените имаат еволутивна и морална должност да оговараат, бидејќи така ја штитат заедницата од наркоманот од трети, од онаа што фрла ѓубре од тераса, од комшиjата-манијак...

Како Џон Стујарт ја презема и ја револуционизираше ноќната програма

Кога доаѓа на Дејли шоу во 1999, Стујарт наследува шоу со скромен успех на кабелска телевизија - и персонал што инсистира тој да не им го менува шоуто. Во 2015 заминува како една од американските телевизиски икони.

Франц Лист, првата рокенрол ѕвезда

Човекот кој е роден пред точно 200 години имал можност прв да го осети она што подоцна ќе стане рокенрол клише: згрозени авторитети, збудалена публика и жени кои му дофрлуваат парчиња своја облека на сцена.

Познатиот е подолг

Колку повеќе пати сме минале некој пат, толку тој ни се чини подолг, потврдува едно британско истражување кое објаснува зошто секојдневните одења на работа или училиште на луѓето им изгледаат бескрајно долги.

Од шупливо во празно

Професори од UCL (University College London) успеале да патентираат шема која покажала дека мозочната активност пред некој настан е еднакво важна за негово меморирање како и онаа по случувањето. Треба акцијата да се префрли од лево на десно.

Боно на листата за Жена на годината

Гламур магазинот одлучи да го додаде Боно на својата листа на Жена на годината, одлука за која што главната уредничка на магазинот, Синди Леив, вели дека размислувале и разговарале веќе неколку години.

Како се купува куќа со ајфон од дечкото

Треба да го најдеш таков што ќе можеш да го убедиш дека ако те сака, ќе ти го купи најновиот ајфон 7. И така едно 20 пати.

Човек на човека му е еден волк вишок

Неолиберализмот предизвикува осаменост и изолација. Во свет во која постојано те тера да се тркаш со некого, човек најлесно решава да се затвори во себе. А сам човек, за кур не го бива. 

Дали Imagine на Ленон е најлошата песна на сите времиња?

Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.