Живот и забава

Дали Imagine на Ленон е најлошата песна на сите времиња?

Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.

Исландски љубовен проблем број 1: избегнување роднини

Во земја со само 330.000 жители не е лесно да се избегнат братучедите и останатата подалечна фамилија. Затоа Исланѓаните си имаат апликација да им ја пребара генеалогијата.

Зошто илјадници Исланѓанки напуштaaт работа точно во 14:38?

Затоа што се сетиле на генијално ефикасна идеја како да ја доловат разликата во платите во однос на мажите. 

Дали вотка-ред бул има ист ефект како кокаин?

Неволни да веруваат на резултатите на научниците од Пердју Универзитетот (според кои одговорот на прашањето е позитивен), Вајс собира група дилери на кокаин да го кажат своето мислење околу темата.

Свештеникот Хрвоје против Сунѓерот Боб

На домашен терен приказнава би изгледала вака: задрт македонски поп покренува кампања против детската емисија Пет Плус. Зошто би го правел тоа? Па, да речеме, затоа што додека ние се крстиме во светото Тројство, тие го фураат - Петко.

Навидум толку непотребен совет

Антисептикот за раце базиран на алкохол што го има по фирми, ресторани, школи и канцеларии, и служи да ја смири вашата параноја околу бактериите, содржи посилна концентрација на алкохол отколку пиво, вино и добар дел од жестоките пијалаци. И покрај вака неодоливата понуда, ем многу алкохол, ем секаде присутен, потрудете се да му одолеете.

Бил Мареј доби Марк Твен за комедија

Многу повеќе ќе сакав ако ми пишевте дека сум ја добил наградата, отколку да доаѓам тука да ја земам, им изјави Бил Мареј на новинарите на црвениот тепих пред влегувањето на церемонијата.

Што ако сите весници направија колосална грешка?

Што ако во лудилото од пред две децении за модернизирање на редакциите и проширување на содржините на интернет, уредниците направија колосална бизнис грешка на која потрошија стотици милиони долари? Што ако индустријата требаше да се задржи на своите силни страни (печатеното издание кое и ден денес носи најголем дел од приходите од реклами и претплати), наместо да се пробува онлајн?

Има ли вага во авионот?

Американски авиопревозник се избори за правото да ги мери своите патници. За подобро да ја распоределе тежината во леталото.

Збунка на денот

Филмски критичар, и тоа на Њујорк Тајмс, напишал лоша рецензија за една нова серија, особено за логиката на нејзиното сценарио. За отпосле да сфати дека епизодите ги гледал по погрешен редослед.

Најголемиот дел од нашата историја е историја на глупавост

Ставот не е за нас, туку општо за човековата историја, на која, според Стивен Хокинг, имаме потрошено премногу време (а немаме многу научено).

Мажи од сите земји, покажете Zero Fucks Given

„Мажите кои одат по својот пат“ (МКОПСП) е движење кое ја промовира модерната машката сувереност. „Тоа е манифестација на еден збор - НЕ!“. Тие одбиваат да коленичат и да служат, да се прилагодуваат на општествените очекувања на тоа што значи да си „маж“, а истовремено да бидат третирани како потрошна стока. Самосвесниот маж се обидува да живее согласно своите интереси, во свет кој го спречува да го прави тоа.

Научници несакајќи открија ефикасно решение за ЦО2

Процес за отстранување на ЦО2 од атмосферата, кој е евтин, ефикасен и лесно може да се зголемува во зависност од потребите е неочекувано брзиот резултат од едно научно експериментирање.

Како да знаете дaли сте воркохолик

Имате скала со седум критериуми, имате и неколку други корисни информации околу опседнатоста со работа. Ако ја прочитате статијата до крај, ќе сфатите зошто не можеме да ви одговариме веднаш на евентуални поплаки околу текстот.

Моќта на пораката "Јас гласав"

Кај нас е задолжително тоа прскањето кое многумина го доживуваме понижувачки. Пошто не е данок или смрт, во Америка тоа не е задолжително. На таа тема таму имаат едни стикери, но и тие, иако банални, имаат силно влијание на патиципацијата во изборите.  

Зошто сокот од портокал е исфрлен од американскиот појадок

Иако со децении еден од столбовите на утринската исхрана, сокот од портокал се повеќе губи на популарност откако почнаа малку подетално да го анализираат. Моменталниот статус меѓу нутриционистите и пакуваниот портокал во течна состојба е - "ништо не си подобар од газиран сок".

Да се распише конкурс за некој пристоен окупатор да нè доведе во ред

Избори имаме на секои две години, човек не може ни да се сети кога тоа не сме имале избори. Оние што излегуваат во политичката арена треба да се гледаат првенствено преку она што ќе понудат. Воопшто не ме интересира кој на која партија ѝ припаѓа, туку што зборува и што порачува. Имам доволно искуство да препознам што е лага а што е вистина.

Данок на меурчиња

Ако веќе пиете газирани пијачки, испаѓа дека е подобро да ги пиете денес отколку утре. Не затоа што утре ќе бидат поштетни туку зашто ќе бидат поскапи.

Калциум, корисен во храна, штетен како суплемент

Десет годишна студија заклучува дека суплементите на калциум можат да го зголемат ризикот од срцево заболување, иако исхраната богата со калциум помага во заштита на срцето.

Тешко е да се оди во црква

Не е бог мртов, како што тврдеше Ниче (што на оној графит доби легендарна реплика: Ниче е мртов - Бог). Само, на луѓето им е сè потешко да му одат на гости (на овој свет). Со други зборови, проблемите на верата не се во науката туку во логистиката.

Има бетер и од Нобелова

Контроверзите околу Нобеловата награда за мир постојат со децении. Од фактот дека ја има добиено еден злотвор како Кисинџер ама не и тип како Ганди па до последниот лауреат од Колумбија чиј мировен план беше одбиен на референдум. Но, та не е саде Нобел, та не е саде мир.

Како болките во грбот го покорија светот

Добра вест е дека луѓето во просек живеат една деценија подолго отколку во 1980. Лоша вест е дека ова не се должи на подобро здравје, туку на подобри лекови кои можат да нè истераат уште некоја година.

Атлантик се кандиса

Атлантик е еден од највоздржаните американски магазини за време на избори. Во своето постоење (пазете, постојат 159 години!) само во два наврата поддржале некој кандидат за претседател. И еве сега се појавува Доналд Трамп.

Можеме да тераме до 115 години

Иако со децении расте долговечноста на човекот, проценките велат дека плафонот на нашиот рок на траење е некаде на 115 години. За после тоа ќе ни треба некое ново (научно) чаре.