Скалп Микро е компанија за создавање на привид на коса, која во секое време може сосема слободно да пренамени шифра на дејност во салон за тетовирање.
Принципот по кој работат е сличен на "тетовирани веѓи", односно машинката работи како машинка за тетовирање, дава резултати како за тетовирање, само што тие не се трајни како тетоважа.
Официјално процедурата е "микро-пигментација на скалп", во која на клиентите им се цртаат точки на ќелавите делови од главата, кои треба да наликуваат на многу кратко шишана коса. Предноста на процедурата е што е поевтина и помалку болна од пресадување коса (според клиентите се чувствува само вибрацијата од машинката).
Скалп Микро е основана во 2015 и од тогаш имаат направено околу 3.000 третмани. И самиот основач на компанијата, Мат Иуло, ја носи истата фризура.
Мастило што се користи е природно, без никакви метали, и се раствора за да се добие бојата на косата на клиентот. Машината за негово нанесување користи микро-игли, кои влегуваат само во горните слоеви на кожата, "заради што повеќе е како трајна шминка отколку како традиционално тетовирање".
Иуло објаснува дека тие не цртаат на скалпот, туку само го сенчат. Сето ова се прави во слоеви, па комплетниот третман трае две до три сесии, од кои секоја е по четири часа. Според нивно искуство, на секои пет години потребно е освежување на фризурата заради избледување на пигментот.
Во зависност од ќелавоста, микро-пигментација на скалпот во Скалп Микро чини меѓу 2.000 и 3.500 долари. Наспроти ова ценовникот за сродни услуги во Њујорк е: 16.000 долари за процедура за пресадување коса, или 3.000 долари за перики (а да не бидат смешни) кои треба да се менуваат барем еднаш годишно.