Кога по неколку дена се вратиле во изложбениот простор во кој намерно оставиле обичен ананас кој претходно го купиле за два долара, виделе дека тој бил стандардно испочитуван и ставен во проѕирна изложбена кутија, рамноправно со останатите експонати.
Најсмешно е што сите перат раце и никој не презема одговорност за тоа кого го вброил ананасот меѓу експонатите на изложбата во Сан Франциско. Особено кустосот на изложбата која како крунски доказ за својата невиност наведе дека таа не би можела да е одговорна за потегот бидејќи е алергична (на ананас, не на уметност).
Но, „уметниците“ се снајдоа со умешност: по обелоденувањето на бруката соопштија дека решиле да го остават ананасот на истото место за да ја прослават „разиграната страна на уметноста“.