Ковчезите на Хонгконг

Проблемот со просторот во Хонгконг е што го нема, а и таму кај што го има е премногу, планетарно многу, скап. Во популација со бројност како во Хонгконг ова остава стотици илјади луѓе да живеат во нешто кое со најмногу ласкање би се нарекло - нестандарден објект, локално се води како ковчег, а на прва буквално изгледа како шкаф.

Се претпоставува дека околу 200.000 жители на Хонгконг живеат во вакви поделени единици (ковчези), кои најчесто не се доволно големи ни човек нозе да протегне.

Пример 63-годишниот Вонг Тат-минг (од сликата горе) живее во ковчег со површина од 1,62 метри квадратни (180 см долг, 90 см широк) за кој плаќа 310 долари месечно. Тука е и комплетниот негов имот, вклучително мал телевизор во боја и вентилатор.

Нешто покомотно и е на Ли Сут-вен која со своите 2 деца живее во соба од околу 11 квадрати, во кои има сместено мал кауч, фрижидер, машина за перење и мала маса. За ова таа плаќа 580 долари месечно, со сметки. Сумата е нешто помалку од половина од нејзината плата од 1.290 долари кои ги заработува како украсувач на торти во пекара.

Меѓу сличните приказни што ги забележува фотографот на Асошиејтед прес Кин Чонг, се и следните фотографии:

Секој од овие ковчези има на располагање заеднички тоалет:

 

17 мај 2017 - 17:30