Како и сите други органи, и мозокот старее и ги губи когнитивните перформанси, особено во поглед на меморијата а медицината одамна бара начин како да го забави, сопре или евентуално преобрати овој процес.
Тестирања на глувци со активната компонента на канабисот даваат оптимистички надежи. Со соодветни дози ТХЦ биле третирани двомесечни, едногодишни и 18 месечни глувци. Кај овој вид, со оглед на нивниот животен век, когнитивното заоѓање започнува уште на 12 месечна возраст.
После 4 неделна терапија, овие најстариве имале ментален капацитет како најмладите а биле тестирани во неколку работи: помнење, ориентација во простор и слично. Дури и на молекуларно ниво, мозокот на стариве глувци изгледал како мозок на млад глушец.
Се претпоставува дека ТХЦ-то го имитира ефектот на канабиноидите кои природно се произведуваат во организмот но сè помалку колку што организмот старее.
Ако следните тестирања со луѓе покажат слични резултати, се полагаат големи надежи за ефикасно справување со деменцијата и останатите ментални проблеми на стареењето.