Бев на последниот концерт на Корнел и видов знаци кои ја најавуваа трагедијата

Кога вечерта на вести ќе видиш како завршил човекот на чиј концерт штотуку си бил. И одеднаш ќе ти текне со која песна го завршил настапот.

Кен Сетл е фотограф ветеран кој ги следи музичките настани на детроитската сцена уште од 70-тите години. Се разбира, Саундгарден и Крис Корнел ги познава од самите нивни почетоци а бил и на концертот по кој Корнел се самоуби во хотелска соба.

„Прво што ми падна во очи беше тоа што Корнел беше повесел и порадосен отколку што тоа е вообичаено за него. Тој отсекогаш на сцената беше малку повлечен, интроспективен, голем дел  од концертот минувајќи го со главата надолу, накај гитарата, со лице покриено со коса“.

На последниот концерт Корнел бил необично еуфоричен и интерактивен со публиката. Ја пофалил дека Детроит има една од најдобрите рокенрол публики во Америка по што рекол: „Жал ми е за следниот град од нашата турнеја“ што било дочекано со овации но после лошите вести ваквата најава морничаво разбуди дилеми дали на Корнел веќе на концертот му било јасно како ќе заврши вечерта.

А концертот го завршил со песна од Лед Цепелин.

Песната се вика "In My Time Of Dying".

„Кога ќе ми дојде време за умирање,
не сакам никој да ме оплакува.
Само однесете го моето телото дома.“

Курт Кобејн, Енди Вуд, Лејн Стели, Скот Веиланд.... Генерацијата порасната на гранџ сега го изгуби и својот Роберт Плант; гласот на Корнел кој беше глас кој не се извинува што звучи машки.

Остана само уште Еди Ведер.

 

19 мај 2017 - 11:46