Научници утврдиле дека оштетувања во одреден дел од мозокот водат кон зголемен верски фундаментализам. Се работи за вентромедијалниот пред-фронтален кортекс кој кога е оштетен ја намалува когнитивната фелксибилност, меѓу другото и подготвеноста да се преиспитаат своите убедувања во светло на нови факти.
До вакви сознанија дошле по испитување на стотина воени ветерани.
„Варијациите во природата на нарелигиозните убедувања се управувани од конкретни регии во мозокот, во случајот оние кои најдоцна се развиле во овој наш орган. Состојбата и кондицијата во која се наоѓаат тие регии влијае и врз менталната отвореност, неопходна за ценење и почитување на шаренилото на верски убедувања“, вели еден од истражувачите.
Ригидниот начин на размислување на некои луѓе им е привлечен заради неговата кохерентност и предвидливост. Луѓето во фундаменталистичките верски групации ја ценат силната посветеност кон заедницата а поинаквите ставови се однапред исклучени. Главните одлуки се донесени и нема што за нив одново да се размислува и дискутира, што претставува ефикасен начин за заштеда на ментална енергија.
Научниците не велат дека секој верски фанатик е со оштетен мозок (бидејќи формирањето на ставовите и убедувањата се комплициран феномен). Ама па, кога ќе видиш малку пошироко, така е.