Половина век Ролинг Стоун

На само 21 годишна возраст, Џен Венер го ко-основа Ролинг Стоун. Магазинот за кој работеа ликови како Хантер С Томсон, Том Волф и Ени Лебовиц, деновиве полни 50 години од постоењето а Венер сè уште е издавач.  

Со каква надежи го стартувавте Ролинг Стоун?

Ух... да стане успешен музички магазин, во тоа време тоа ни беше најголемата амбиција. Немав идеја дека може да се претвори во четиво кое ќе покрива претседателски избори, ќе влегува во Белата куќа и ќе го интервјуира претседателот на САД во авион. Ниту пак замислував големи новинарски теми. Кога имаш 21 година и си фан на рокенрол, сето тоа е незамисливо за тебе. 

Британија имаше големи музички магазини, НМЕ и Мелоди мејкер ама тие не успеаја да станат меинстрим медиуми како Ролинг Стоун. Зошто?

Ролинг стоун имаше сензибилитет на поствоениот бејби-бум. Одгледани бевме на Битлси, Стоунси и Дилан и сакавме да го направиме севтот подобар. Тие одлично ја покриваа музиката но не го гледаа општествениот, културниот и генерацискиот аспект на сето тоа.

Како уредник, треба да имаш талент за откривање таленти. Точно е дека Хантер Томпсон те има мавано со ПП апарат?

О, да, два пати! Човек знае дека нешто ќе се случи кога тој беше во близина.

Велат дека кога сте чекале текст од него, во хотелската соба сте му праќале дрога, алкохол и грејпфрут.

Делумно точно. Праќавме алкохол и грејпфрут, а дрога сам имаше. Но, по некое време таа формула стана авто-деструктивна. Луѓето стануваат алкохоличари, креативно стагнираат и ако постојано си пијан, не можеш многу да сработиш. Ние го пративме и во Заир, на бокс меч за титулата светски шампион.

Али- Форман, прочуениот Rumble in the Jungle?

Да, и тој се врати од таму и ништо не донесе. Не ни отишол на боксот. Хантер имаше брилијантен период за Ролинг стоун но потоа си го испушти талентот.

Имаш ли омилена насловна од последните 50 години?

Имам околу 200 омилени. Пазете, имавме околу 1.500 насловни, не можам да одберам една ама онаа со Ленон и Оно (Ени Лебовиц ги сликаше на денот кога беше убиен) предизвика најголемо внимание.

Самиот го интервјуираше Ленон во 1971 година кога тој рече: „Треба да си копиле за да успееш а Битлси се најголемите копилиња“. Се согласуваш?

Делумно е точно. Некогаш треба да си копиле кога мора да донесуваш одлуки. Ама не мора д си шупак. А дали мислам дека Битлси беа најголемите копилиња? Не, никако.

Која ти е најголемата грешка?

Приказната за силувањето во Универзитетот Вирџинија. Се каам за тоа.

Тоа е статија од 2004, брзо дискредитирана за наводно групно силување. Како се случи таа приказна?

Ох, многу причини. Грешки во серија, лоша проценка, невнимателност, непридржување до стандардите... нема едно објаснување. Неколку луѓе направија серија грешки.

Влеговте во партнерство со Мик Џегер за да направите британско издание на Ролинг стоун кон крајот на 60-тите. Изданието згасна само по неколку месеци. Зошто не успеа?

Јас бев во Сан Франциско, проектот требаше да го надгледува Мик ама тој отиде во Австралија на снимање филм па магазинот беше оставен на некои аматери и хипици кои не знаеја што прават.

Дали е во план твојот 27 годишен син Гус да го преземе Ролинг Стоун?

Да, тоа е идејата и ќе се случи годинава. Тој е верзија од мене, само подобра верзија.

Дали денес е потешко да си иновативен отколку кога почнуваше?

 

Да, златното време на магазините помина, дигиталната револуција им ги пресече крилјата но сè уште има простор за високо квалитетно новинарство на хартија. Ќе треба да го прилагодиме финансискиот модел но опостоја стотици и стотици илјади луѓе кои сакаат  да читаат па мислам дека ќе успееме.

 

16 мај 2017 - 11:07