По германска номенклатура ова се вика waldkitas или "шумски градинки", и моментално во земјата ги има околу 1.500 такви. Најголемиот дел се отворени во последните 15 години и вообичаено се сместени во близина на паркови, и нивното седиште речиси по правило е аскетски средено. Оние што не се блиску до паркови, како Робин Худ на пример, се потпираат на јавниот превоз за секојдневно да стигнат до "училниците" во шумата каде го минуваат целиот ден.
Комерцијалните играчките се едни од најпотценуваните предмети во овие градинки, и обично се заменети со играчки направени од стапови, камења и лисја.
Докторска дисертација од 2003, на Петер Хафнер од Хејделберг Универзитетот, покажува дека децата кои завршиле во шумските градинки имале очигледна предност пред оние што доаѓаат од регуларни градинки, и имале подобри резултати на тестовите за когнитивни и физички способности, како и во креативно и социјализација.
Во книга од 2005-та, "Последното дете во шумата", американскиот новинар Ричард Лоув го составува терминот "пореметување од недостаток на природа". Оваа книга заедно со "Којотскиот водич за поврзување со природата", според Њујорк тајмс е една до најчесто цитираните книги од вработените на Робин Худ.
Во една од сцените на кои присуствува новинарката на Њујорк тајмс, Алис Грегори, едно од децата оди кај учителката и и' покажува дека нашол мртва птица. Реакцијата на учителката е да ги собере децата околу остатоците и ги прашува што според нив ја убило птицата. По неколку нагаѓања (лисица и сл.) таа им покажува дека затоа што пердувите се уште и се мазни (што едно од децата го проверува со своја рака) значи дека таа е убиена од поголема птица, а не од лисица.
По само неколку минути децата повторно се распрснуваат на површина од околу 4 хектари, некои скокајќи на карпи, некои качени на дрва, а трети влечат балвани низ калта. Едно од правилата за децата е дека смеат да бидат вон видното поле на воспитувачите, се додека тие можат да ги чујат. Секој пат кога воспитувачот ќе извика "ку-ку" сите деца се должни во истиот момент да прекинат што и да прават и да се постројат пред него.
"На почетокот носевме некои многу прости работи, како јажиња на пример. Ама брзо сфативме дека и тие не се потребни. Нив им станува јасно дека ќе им требаат другарчиња ако сакаат да си играат," објаснува еден од воспитувачите.
Грегори забележува дека кога доаѓа време за појадок, сите деца се стројат, ги ставаат ранците во круг и почнуваат да вадат пластични кутии со својот појадок. Покрај сите церемонии, сами го подготвуваат појадокот, сами се спремаат за да јадат и сл., таа приметува дека децата јадат во комплетна тишина. Подоцна открива дека воспитувачите со месеци им повторуваат и ги учат дека доколку се тивки, може да се случи на појадокот да им се приклучи елен, а ако ништо друго барем ќе ги слушнат птиците како пеат.
"45 минути не слушнав ни едно кикотење," пишува Грегори.
Како и останатите претшколски институции и за оваа трошоците се покриени од владата, освен 100-те евра надоместок што се плаќаат бидејќи е приватно училиште. Наспроти ова, градинка Њујорк може да чини и до 40.000 долари годишно.
По пет и пол часови, на минусни температури, децата (заедно со новинарката) се построени пред автобуската станица чекајќи го превозот за назад.