Том Морело за Крис Корнел

„Ти благодарам за твоето пријателство и твојот хумор и твојот интелект и единствен и неспоредлив талент“, напиша по веста за трагичната смрт на Крис Корнел неговиот соборец од Аудиослејв, Том Морело. И додаде поема посветена на својот другар.

Ти си принц, ти си стапица
ти си сенка

Ти си мугра и ѕвезда што гори и
нијанса

Ти си мудрец, ти си споделена рана,
ти си маскиран

Ти си столб од чад,
ти си платинесто срце

Ти си шумски пожар, ти си затворен,
ти си слободен

Твојата визија отвара очи, ти не гледаш

Ти си парчиња расфрлани низ ридот

Ти имаш отворени раце, ти си вооружен, ти си вистински

Ти си откривач на визии, ти си патник, ти си лузна што не бледнее

Ти си мугра и ѕвезда што гори и сенка

Ти си скриена тајна, ти си откриена тајна, ти веќе не си опколен

Ти не си таму, сега си секогаш тука

Ти си згоден младоженец, добар татко, скалило кое го населуваат духови

Ти си јасен ѕвон, планините ечат од твојата песна

Можеби никој не те познаваше

Ти си мугра и ѕвезда што гори и сенка.

Том Морело
посветено на Крис Корнел (1964 - 2017)

 

20 мај 2017 - 12:08