Кога физичари ќе се запукаат

Два кампа теоретичари кои се занимаваат со најзаплетканите аспекти на постанокот на космосот, деновиве се караат како стрини. Господ мава лајкови. 

Теријата на космичка инфлација доминира во космологијата, науката која се занимава со теми како настанокот на универзумот, од почетокот на 80те.

Откако беше ставена на хартија, двајца од нејзините креатори (Алан Гут од МИТ и Андреј Линде од Стенфорд) продолжија да ја рафинираат, да ја буткаат во научните кругови и на сите ѕвона да се радуваат кога астрономските опсервации на раниот универзум го потврдуваше инфлаторниот модел за ширење на космосот.

Но, еден од првичните архитекти на идејата, космологот од Принстон, Пол Штајнхард, се одметна уште пред 15 години и оттогаш систематски ја поткопува, негирајќи дека се работи за научна теорија. Деновиве конфликтот кулминира со отворени писма, реплики и контра-реплики.

Тој и група физичари објавија писмо во кое се вели дека теоријата е до таа мерка општа и лошо поставена, да било каква опсервација во врска со настанокот на универзумот може да се објасни со оваа теорија. Со други зборови, авторите на писмото потсетуваат дека теорија не вреди многу, ако е невозможно да се потврди или побие со научни податоци.

Па другиве објавија контра писмо потпишано од 29 академици (меѓу кои и Стивен Хокинг) па првиве вратија....

„Студената војна меѓу космолозите стана жешка“, пишува Атлантик. Поразумните посматрачи имаат чувство дека теоретичарите од двата кампа јавно се караат како стрини и за тривијални детали а дека дебатата која би требала да биде научна не може да излезе од маглата на личната нетрпеливост на протагонистите.

Во меѓувреме, во религиозниот камп - раат. Досега никој сериозно нема поднесено амандаман на основната теорија која отприлика вика вака:

На почетокот беше ништо.
Потоа Господ рече - нека биде светлина.
И би светлина.

Што значи дека - да искористиме фудбалска терминологија -  по „изведувањето на првиот удар“ и натаму немало ништо само што сега тоа „ништо“ било осветлено :)

Па нема боље!

 

14 мај 2017 - 11:23