Една од главните цаки на новиот терминал на ЛАКС аеродромот чија изградба чинела 22 милиона долари не е загарантираната приватност, ексклузивните чоколатца и скапи кабернеа или фотелјите и креветите со масажери туку големиот екран на влезот во рајот на кој во реално време на одбраниве им прикажува како си поминуваат оние кои имаат пари само за стандардните терминали на истиот аеродром.
„Таму истовремено опслужуваат илјадници луѓе; врева, гужва, нервоза, лаење. Овде е мирно и спокојно“, вели еден до домаќините на луксузниот терминал наменет за мрсни корпоративни шефови и разгалени ѕвезди кои ќе направат сè за да стана славни а потоа ќе носат црни наочари за да не ги препознаат.
За да се избегнат и секојдневните сообраќајни гужви на аеродромот, до приватниот терминал води дискретно вртење до капија со вооружени лица кои по легитимирањето стискаат копче и ве пуштаат во аеродромската оаза.
Нормално дека не е евтино. Покрај годината претплата од 7.500 долари, патувањето преку овој терминал чини дополнителни 2.700 за домашен лет и 3.000 долари за меѓународен. За еднократно патување без годишна претплата, влезот е поскап.
Терминалот се состои од 13 луксузни апартмани опремени со бањи, полни фрижидери и разни гаџети за занимации. Има посебно мени за детски играчки. А курчењето во него е речиси бескрајно. Ако си ја накапеш кошулата со кабернето, овие ти носат иста таква. И слични срања.