Датум на раѓање?
Без гајле, доволно сум возрасен и свесен за тоа што ќе го кажам.
Тежина, висина, боја на коса, боја на очи?
Сè тоа поубаво се гледа на сликата - кој внимателно ќе загледа.
Брачна состојба, деца?
Би сакал.
Степен на образование?
Па нормално висок, не се приметува?
Странски јазици?
Па само кажете.
Месечни приходи?
Сосема доволни.
Адреса (стан)?
Задоволен сум со адресата.
Автомобил (марка)?
Ви личам ли на човек кој би ги имал тие проблеми? Јас сум безгрижен.
Кога повторно би се родиле?
Не сакам тоа. Всушност, сакам, ама после смртта. Сакам уште еден цел живот.
Талент, дарба?
Побогу, тоа сите го знаат.
Спорт со кој се занимавате?
Ах, јас ти бев страшен спортист.
Квалитети?
Јасно изразени знаци на генијалност.
Мани?
Знаците (овие горе) се толку силни што на неупатените би им заличиле на мани.
Карактер?
Очигледно, не преозбилен.
Што ве прави среќен?
Да одговарам на прашања, еве, како сега, да речеме.
А несреќен?
Кога си ги поставувам сам на себе.
Неостварена желба?
Не зборуваме за неа, повеќе не може да се оствари.
Што си замерувате на себе уметникот и себе човекот?
Задоволен сум со себе како уметник, не ли е тоа доволно?
Се срамите ли од нешто?
Се срамам од своите морални долгови.
Што ве возбудува?
Овој пат на тивко достоинство на манастирот. Јас сум заљубен во него.
Од што се плашите?
Од менталитетот на оние што кршат скулптури по паркови.
Вашата девиза?
Се наоѓа во некоја од книгиве што ми се на маса, ама да не ве задржувам барајќи ја.
Омилена изрека, афоризам?
Гете отприлика го има кажано ова: - Човекот е толку предестиниран за создавање, колку што има демонско во себе.
Вашата надеж?
Да се вратам во Сопочани, на Рашка, на извор.
Што најмногу ве има разочарано до денес?
Паѓањето на Троја. Што е ви е смешно?
Годишен одмор?
Секогаш одам на погрешно место.
Омилен накит, украс?
Ореол, лавор или такво нешто.
Омилена гардероба?
Па, сега доаѓаат постудени денови, и препорачувам нешто потопло, а за во лето нешто поладно. И секога така. Според времето.
Најдобриот период од вашиот живот?
Времето кога играм претстава.
Станувате рано?
Немојте да се лажете.
Останувате касно навечер?
Летно време ноќите се пократки.
Пасија?
Да гледам низ прозор по туѓи станови кога одам по улица.
Пијалок? (Vaše piće?)
Какви се сега тоа прашања?
Ваш совет?
Е сега, доста е.
Омилен романсиер?
Данило Киш.
Книга која често ја читате?
Една книга што се вика "Урнебесвесник".
Ваши поети?
Момчило Настасијевиќ, можеби некои од вас, драги читатели, не сте чуле за него, ама верувајте ми на збор.
Ваша песна (поезија)?
"Са светлим пупољцима на уснама," Растко Петровиќ.
Сликар?
Миленко Станчиќ, и уште 977 други кои можеби и повеќе ги сакам.
Слика?
Успение на Пресвета Богородица во манастирот Сопочани.
Композитор?
Кир Стефан, ако немате ништо против.
Музичко дело?
Ниња сили.
Инструмент?
Шприц за инекции. Влева стравопочитување.
Виртуоз?
Тапанарот на џез оркестарот на Радио Белград, Лала Ковачев.
Пејачи?
Илија Глигоријевиќ, патував со него, добар некој човек.
Пејачка?
Милица Миладиновиќ, исто така.
Плоча што често ја слушате?
Ништо не правам често.
Ваши драмски автори?
Па би можел да биде, да речеме, Миша Булатовиќ, со моја помош, секако.
Театарско дело?
Тоа што допрва ќе го играм.
Филм што ве воодушевил?
Јојо.
Омилен глумец?
Слушам дека оној... помогнете ми, да - Слободан Перовиќ, е стварно добар.
Најдобри пријатели ви се?
Школскиот другар Мика Шќекиќ, под услов да пази на своето однесување и малку повеќе да внимава кон мене.
Верувате во љубов на прв поглед?
Веќе сум доволно стар и рационален - и баш затоа сакам да верувам.
Најдобри години за брак?
Меѓу 19 и 20... За прв брак зборам.
Љубоморни сте?
А тоа - да!
А вашата брачна партнерка?
Веројатно ќе биде.
Покрај оваа уметност се занимавате со уште некоја?
Сите девет музи непрестајно љубоморно се гужваат околу мене. Јас се трудам со секоја да бидам љубезен, ама верувајте ми, веќе станува досадно.
Според која уметност сте рамнодушни?
Кон уметноста на водење разговор.
Ваш љубимец, без разлика на видот уметност?
Вујко ми Миодраг Бата В. Петковиќ - ветеринар, најголемиот фантазер и измишљант што го имам сретнато (живее во Липљан).
Која критика ја сметате за неумесна?
Па вие стварно ме затрупавте со прашања... чекај воздух да земам... Ајде да продолжиме.
Кои се ваши најголеми успеси?
Што положив математика на големата матура.
А неуспеси?
Не го разбирам прашањето...
Омилена глумица?
Натали Вуд, ама не е ни важно...
ТВ емисија која нерадо ја пропуштате?
Ја немам таа машина, ама пријателите обично после ми раскажуваат.
Ваша омилена историска личност?
Константин Филозоф.
(Развитак, 1965 година).