Самиот бренд Порнхаб веќе е синоним за порно, а сајтот е 38-ми на светот по бројот на посети. Компанијата Офицер и Џентлмен е шпанска, работи речиси една деценија, и има и секојдневни клиенти како Самсунг, Гугл, Микрософт и Бургер кинг.
Шпанците стануваат заинтересирани за соработка со Порнхаб некаде во 2013, кога компанијата објавува конкурс за изработка на регуларни реклами што ќе може да ги пуштаат по весници и телевизии. Компанијата не победува на конкурсот, ама успева да се зближи со тимот на Порнхаб.
Од тогаш почнува нивната соработка а главна задача на агенцијата е да изработи видеа што можат да се прикажуваат на сите медиуми, во која ќе го рекламира производот кој не може да го покаже.
Дополнителен хендикеп за Порнхаб е што има многу мало присуство на социјалните медиуми во споредба со сообраќајот што го има. На Фејсбук нема никакво присуство, на Твитер има околу половина милион следбеници, на Инстаграм 2,2 милиони и 100.000 претплатници на Јутјуб. Сето ова не се ни приближно задоволителни бројки за сајт што е 38-ми по посетеност.
Од агенцијата објаснуваат дека на останатите клиенти главно не им пречи Порнхаб, а и тие што ги изгубиле заради забелешки околу сајтот (околу 5%) ги надоместиле со клиенти кои ги имаат истите проблеми во комуникацијата.