Живот и забава

За дератизацијата на социјалните мрежи

Нема ден да пројде а нормален човек да не се запрепасти каков сè отров се има проширено на социјалните мрежи. Ама па цензурата е крајно лош и практично неприменлив противотров. Особено што сега оваа валкана работа државите елегантно ја аутсорсираат па на приватни компании им препуштаат да проценуваат што може а што не може да оди во јавност.  

Кејт Мидлтон поевтино пројде на породување отколку просечна Американка

Разликата меѓу евтино и поевтино е што ова на Кејт Мидлтон не беше ни најмалку евтино и чинеше 8.900 долари од вечер, а и покрај тоа излезе поевтино од просечната цена што за истото се наплаќа на другата страна од Атлантикот.

Колку чини да се смени цела азбука?

Промената беше најавена кон средината на февруари, и како ретко кога во речиси 30-годишното владеење на Нурсултан Назарбајев, народот беше гласен против ваквата одлука.

Моментален статус на глобалното затоплување: Ни нема спас

Нема начин како да се запре процесот што ги растопува јужниот и северниот пол, и многу малку луѓе се подготвени да го кажат тоа, тврди британскиот научник Мајер Хилман, кој јавно се откажа од пишување на оваа тема „затоа што веќе нема што да се каже.“

„Велнес“ форите не им се смешни само на тие што ги практикуваат

Ветувањето обично е - ако до буква ги следиш правилата што ти ги даваме, ќе имаш подобар, поквалитетен и што сè „по“ не живот. Здрав живот е кога промените се случуваат како резултат на долгогодишна пракса, „велнес“ е кога пробуваат да ти продадат магија од типот 10 кила за еден месец.

Учениците не знаат да гледаат на саат

Велика Британија ги вади старите аналогни часовници од училишните простории. Сфатиле дека децата не знаат баш најдобро да гледаат на нив.

Финска се откажа од бесплатно делење пари

Тестирањето на универзален приход, плата што владата ја дели на своите граѓани без никакви предуслови, нема да биде продолжено во Финска откако беше одбиено барањето на Кела, државната агенција за социјална заштита.

Нуркам, значи еволуирам

За првпат е утврдена генетска еволуција кај човекот како резултат на негова адаптација на условите во кои живее. Станува збор за оние кои нуркаат кај кои е забележано зголемување на орган важен за задржување на воздухот. На човек од Запад евентуално може да му се зголеми палецот, од она непрестано шарање со него по екранот на мобилниот. 

Колку би платиле кирија за паркинг место?

Како што е ред за град што руши рекорди со стан продаден за над 70 милиони долари, на ред дојде и да сруши рекорд за најскапо изнајмено паркинг место во светот.

Франција забрани вегански фори

Или е сланина или е нешто вегетаријанско, и како сакаат нека го решат, ама не може да биде „вегетаријанска сланина“, одлучија француските парламентарци.

ЈП „Кози и зеленила“

Ни со косилки, ни со тримери ( со она дражесно пластично шише бензин опашано на појас), еден американски град реши да ја кастри тревата во градскиот парк со рентани кози. Да чуе Колишевски, да се преврти во гроб.

Што збориш?

Со легитимитет на објава во стручен научен журнал, една студија тврди дека луѓето со мало познавање на политика, мислат дека многу знаат за политика.

Ако сакате да имате омилен маратонец, нека биде службеникот што победи во Бостон

Се вика Јуки Каваучи, има 31 година, доаѓа од Јапонија и неговата победа комплетно ги изненади експертите и коментаторите на Бостонскиот маратон, ама не и неговите фанови низ светот.

Мутант кој јаде пластика

Откритието се случило на некоја јапонска Дрисла и тој факт сам по себе е фасцинантен: тоа Јапонците толку педантно рециклираат што бактеријата немала што друго да јаде што се научила да се храни со пластика.

За квалитетно другарство ти треба душман

На подлабоко ниво од живели, брат, имаш 100 евра до понеделник, во коренот на секое добро пријателство се наоѓа заеднички непријател.

Амазон и правото на работникот да не моча во шише

Површината на едно складишта на Амазон во Британија е нешто повеќе од 65.000 метри квадратни. На таа површина, распоредена на четири ката, има работна сила од 1.200 луѓе и се на се 2 тоалети за сите овие вработени (на приземје), кои отприлика се оддалечени 10 минути одење пешки. А Амазон не простува 10 минути.

Што фали скопските џамии да користат вајбер?

Во обид да го намалат звучното загадување во главниот град, властите во Гана ги замолија одговорните мујезини во градските џамии, наместо да рокаат звучници, да ги повикуваат верниците на молитва преку WhatsApp. Нормално, овие веднаш реагираа дека е тоа шејтанска идеја.

Излекувањето пациенти не е одржлив бизнис модел

Во анализа за биотехнолошки клиенти, озлогласените Голдман Сакс, со менгелеовска ладнокрвност заклучуваат дека ефикасните еднократни лекови долгорочно се лоши за профитот. Логиката им е најздрава во свет: ако го излечиш со првата доза, нема да ти купи втора.

Јагоди и спанаќ шампиони по пестициди

Јагодите трета година по ред се на прво место на листата Дванесетмината валкани, во просек со траги од 10 пестициди по примерок. Рекордер меѓу јагодите бил примерок со траги од 22 различни пестициди.

Стандардот не паѓа од небо

Како синдикатите најавија, така низ Германија почнаа да секнуваат јавните сервиси, па низ земјата работат привремено ја прекинаа комуналните компании, јавниот превоз, градинки и институции како завод за вработување, и веројатно најболното од сè - аеродромите.

Истополовиот брак е крајот на ЛГБТ заедницата?

Ново истражување на истополови парови во американската сојузна држава Масачусетс покажува „распространето верување дека откако го стекнале правото на брак (заедницата) има се помалку потреба да се организира за права и прифатеност.“

Не е „судир“ кога снајпери пукаат во невооружени луѓе на 100 метри

Во исто време додека објавува видео од израелски снајпер како застрелува невооружен човек, Гардијан пишува и за „судири“ меѓу Израел и Палестина. Проблемот со терминологијата е што „судир“ предвидува спротивставени страни кои горе-долу се рамноправни по својата моќ, што во ситуацијава никако не е точно.

Дискавери ќе тестира милијардер дали знае да направи пари од нула

За новото риалити шоу телевизиската мрежа ќе проверува колку го бива еден милијардер испраќајќи ги во непознат град каде треба за 90 дена од нула да изградат компанија вредна милион долари.

Чисто лавабо долга љубов

Од сега како емпириски докажан факт стои дека миењето садови предизвикува повеќе проблеми во врска отколку која било работа што треба да се заврши по дома.