Ново истражување испитува микроби за да утврди дали сушачите за раце додека се активни ги вшмукуваат потенцијално заразните микроби од тоалетот и потоа ги шират насекаде и врз сè. Излезе дека - да.
Не е тоа нов тренд, туку постои со години и никогаш не беше баш некој тренд. Своевремено го покренаа глупи млади а денес вирален го направија глупи стари.
Со пролетта на Хималаите започнува и кратката, 6 до 8 недели, сезона за искачување на Еверест, кога илјадници странци ќе пристигнат во Непал во обид да ја искачат најголемата планина на планетата, и да влезат во клубот од околу 8.500 членови на кои ова им успеало.
Во САД БМВ започнува пилот програма во која членовите ќе можат да возат автомобили од каталогот на компанијата за претплата од 2.000 долари. Ова е основна претплата и во неа влегуваат автомобили како најновиот модел на Х5 или серија 5.
Производителите на месо веруваат дека е вистински момент да се дефинираат некои обични термини како „месо“ „телешко“ и други, пред оние вештачки лабораториски варијанти да почнат масовно да ги збунуваат луѓето. Ентони Бордејн пак, ваквите „меса“ ги смета за непријатели.
За да го ублажи кусокот од станбен простор и истовремено да го намали користењето автомобили, државата планира значајно да ги олабави критериуми за градење, доколку се работи за градби близу автобуски или железнички станици.
Во конкуренција на рушење болнички ѕидови, поплавување цели населби и блокирање на главни авто-патишта, визуелно највпечатливата последица од обемните мартовските дождови во Кенија е појавувањето на масовна пукнатина која геолозите ја толкуваат како доказ дека Африка ќе се подели на два континента.
Порано сиромашните умираа заради недостаток од антибиотици. Сега глобалниот аларм е запален поради претераната употреба на антибиотици, а кај сиромашните, порастот е најголем.
Згорозени од последното покачување на цените, некои од најозлогласените мексикански криминалци кои се зад решетки побараа заштита на своите потрошувачки права.
Француски келнер бил отпуштен од канадски ресторан заради проценка дека бил „агресивен, груб и не покажувал почит“. Сега тој го тужи ресторанот заради дискриминација на неговата култура.
Најпосетуваната порно платформа на светот започна иницијатива за прогласување „Премиум места“ со која жителите на оние села и градови чии имиња досега служеа за подбивање, ќе видат некој ќар од кумот.
Била вандализирана статуа од Дејвид Боуви, неполни два дена откако била поставена. Прво да се нахранеле сиромашните па после да се дигале споменици (а прво да се нахранеле сиромашните па после бои да се трошеле?). Наравоучение: ајвани можат секакви идиотизми да увалат во име на „праведни“ каузи.
Чоколадото лечи од анемија, ангина, астма, служи како афродизијак.... Ако забележувате, сето тоа само на буквата А. Но, целата вистина за чудотворните својства на какото, не е баш толку слатка.
Сторијава има толку неверојатно ставки што повеќе време ти треба за да ја провериш дали е точна, отколку за да ја составиш. Започнува со тоа дека властите во Јужна Кореја ќе почнат со исклучување на компјутерите на вработените, за да ги натераат да си одат дома на време.
Суд во Австрија одлучи дека вработен во министерството за транспорт бил дискриминиран на полова основа кога позицијата за која аплицирал и била дадена на жена.
Како што банките можат мрежно да играат во оценување на клиенти колку се подобни за давање кредит, така од сега комплетната кинеска држава ќе оценува колку некој граѓанин заслужил да користи воз или авион.
Го имаме и ние објавено тоа легендарно парче кое глобално е видено преку 65 милиони пати (види: Кога Принц цимoли јако), но кое остави една загатка откако Принц го заврши своето соло.
Тестирање на 250 шишиња вода од најголемите светски брендови купени во 9 различни држави низ светот, покажале дека речиси секое од нив содржело микропластика.
Еден од извршните директори на ХБО откри дека главните ликови од Игра на тронови ќе бидат убиени „еден по еден“ во текот на последната сезона, ако е некаква утеха најави и 5 спин-оф серии од шоуто.