Антибиотици ретко треба да бидат препишувани за кашлица бидејќи во најголемиот дел од случаите тие само малку ги подобруваат симптомите. Најголем дел од овие настинки ќе пројдат сами од себе ако им дадеш време, во рок од две до три недели.
Комбинацијата што ја препорачуваат од британскиот Национален институт за здравје и грижа, и Јавно здравство Англија, за надразнето грло е топол напиток со мед, а по желба може и плус да се додаде лимон и ѓумбир.
Препораката е и до самите пациенти да ги користат овие третмани и да чекаат симптомите да минат сами од себе пред да одат на матичен доктор.
„Најголемиот дел од кашлиците се предизвикани од вируси кои не можат да бидат третирани со антибиотици и ќе средат сами од себе со тек на време,“ се порачува во текстот на Би-би-си.
На препораките им претходи студија според која 48% од британските матични доктори препишуваат антибиотици за кашлица или бронхит.
Во препораките не се укинати антибиотиците и тие се сметаат за неопходни доколку кашлицата е дел од посериозна болест, како хронични здравствени проблеми и ослабен имунитетен систем. Медот и понатаму не се препорачува за бебиња помали од 1 година.
Пакетот е дел од новите правила за препишување антибиотици, чија цел е спречување на развивање инфекции отпорни на лекови.