Екс обвинителот Квон Јонг, исцрепен од 100 часовната работна недела го прашал својот пријател кој бил главен на јужнокорејските затвори дали може да му отстапи сосема регуларна кеија на неколку дена за да биде раат.
Откако учтиво му било кажано дека не оди тоа така, Квон Јанг сепак не се откажал од идејата. Дал отказ и отворил хотел, целосно изработен на тема затвор. Уџум во планина со 28 идентични соби-ќелии. Се спие во затвореничка униформа на душек на подот, храна се добива преку отвор во вратата, во ќелијата има само тоалет, столче и мало масиче со пенкало и хартија. Единствениот луксуз по кој се разликуваат од стандардните затворски ќелии е што имаат подно греење. Се разбира, сместувањето е без смартфони, интернет и часовници, едни од главните непријатели од кои се бега.
„Бев исцрпен и физички и ментално. Ама барем имав храброст да дадам отказ иако не знаев што ќе правам со себе,“ вели некогашниот обвинител кој додека апсел луѓе, сè почесто им завидувал на оние кои ги затвора.
На повеќето луѓе кои плаќаат за да дојдат во овој затвор, во првите денови им е чудено отсуството на комфор на кој се навикнати но како што се приближува крајот на сместувањето, сфаќаат дека затворот всушност е онаму надвор.
За преспивање една ноќ во затвор се плаќа 90 долари.