Фактот дека ама баш во сите испитани желки била најдена микропластика ја зацврстува загриженоста околу загадувањето на водите во кои секоја година се истура меѓу 4,8 и 12,7 милиони тони пластичен отпад.
Резултатите се добиени со некропсија и проверка на содржината на цревата на желките. Истражувачите појаснуваат дека на тој начин се расветлува само дел од вкупната содржина на внатрешноста и дека вистинското присуство на пластика во дигестивните системи на желките би можело да биде и 20 пати поголемо.
Биле вадени примероци од Тихиот и Атлантскиот океан, како и од Медитеранското море и секој изваден примерок имал пластика во себе.
Не е познато како тоа влијае врз нивното здравје бидејќи се чини дека тие без проблеми го проследуваат пластичниот багаж, но истражувачите се плашат дека микропластиката може да ги изложи на токсини на клеточно ниво и да ги направи ранливи на бактерии и болести.
А може па не им е ништо, ко нам со Легото.