Тед Пелки повеќе од десет години не успева да добие дозвола да изгради гаража на место кое го поседува а на кое сака да ја пренесе својата работилница за поправка на камиони и сервис за рециклирање.
Му збоктисало па решил да дигне споменик во форма на еден гигантски среден прст, универзално разбирливиот симбол на западната хемисфера.
Изработен е од борово дрво, 350 кила, дигнат е на пиедестал за да се гледа оддалеку и прописно осветлен, за да биде видлив и ноќно време.
Делото потпаѓа под категоријата „јавна уметност“ и не подлежи на цензура бидејќи американскиот устав го гарантира правото на изразување на граѓанското мислење и видување. Пелки вика дека кога разбрал дека неговата фак-оф идеја спаѓа во категоријата уметност, тоа било една од најсреќните системски информации кои ги слушнал во последната деценија.